Корисни трикови за уредување на домот (според јапонската филозофија ваби-саби)
Како да го уредите домот во стилот на ваби-саби?
Кујна - едноставна и функционална
Кујнски мебел направен од природно дрво или обоен во мат, природна нијанса е најсоодветен за оваа просторија.
Еднобојна работна плоча од камен или бетон ќе ја нагласи текстурата на фасадите.
И не заборавајте да додадете неколку отворени полици на кои ќе поставите глинени садови, плетени корпи и други едноставни украси.

Дневна соба - удобна
Во оваа соба треба да има малку мебел во стилот на ваби-саби: голема софа со прекривка од природни материјали, тешки завеси до подот направени од ист материјал или елегантни јапонски ролетни.
Масичката за кафе не мора да биде голема, но се препорачува да се масивна и тешка и украсена со цвеќе.

Спална соба - смирена
Ако сакате спална соба да ја уредите во ваби-саби стил, изберете природни материјали - декорирајте ги ѕидовите со груб малтер или обојте ги во пригушени тонови: млечно бела, пепел-сива боја.
Изберете кревет направен од цврсто дрво, колку што е можно пониско поставен на подот, па украсете го со ленена прекривка и перничиња.
Плакарите нека бидат со вратички од мат стакло, во боја која ќе одговара на ѕидовите
Осветлувањето треба да биде дифузно, придушено, на пример, висечки ламби со абажури направени од оризова хартија.
Декорот, исто така треба да е минималистички - керамичка вазна со сушено цвеќе, плетена корпа, цвеќиња во глинени саксии и слики со дискретни мотиви.

Бања - пријатна и едноставна
За бања во овој стил, користете природни материјали: груба керамика, природен камен, груб малтер и боја во придушени тонови: сива, беж, маслинесто зелена.
Избегнувајте пластика, но украсете го просторот со камен, дури и растенија отпорни на влага, како што се папрати и бамбус.
Осветлувањето треба да е дискретно.

А. Ј. | Црнобело
