Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та
Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку сте фан на минимализмот, дајте им шанса на беж тоновите.

Генерално не треба да се водите само по трендови кога го уредувате домот бидејќи, сепак, ова е инвестиција која треба да ви трае неколку години.
Но, кога се во прашање бои за уредување, слободно можете да се потпрете на трендовите за 2026-та бидејќи скоро сите делуваат безвремено.
А, сигурно ќе најдете фаворит без разлика дали преферирате минимализам или максимализам.
Пет бои за ентериер кои се хит годинава:
Бордо
Бордо бојата е хит во светот на модата, но е исто популарен избор и за уредување. Изгледа раскошно и му дава посебна длабочина на просторот.
Сè почесто се користи на ѕидовите, но и на тапациран мебел со што му дава елеганција на просторот.
Одлично се комбинира со природни материјали, а изгледа добро и со неутрални тонови.

Сино-зелени нијанси
Сино-зелените нијанси се идеални ако сакате повпечатлива боја која делува релаксирачки.
Бојата изгледа мошне добро на поголеми површини, како ѕидови и големи парчиња мебел.
Може да се комбинира со метали со топли нијанси, како и со лакирано дрво.

Беж нијанси
Ако сакате нешто посуптилно и поминималистичко, доста популарни се беж нијансите кои впрочем се и класика.
Создаваат безвремен изглед на просторот и мошне лесно се комбинираат со други бои.

Боја на праска
Доколку сакате нешто поживо, но не многу нападно како бордо или сино-зелена нијанса, тогаш одличен избор е бојата на праска.
Оваа боја е идеална за спална и дневна соба бидејќи создава хармонична атмосфера.
Можете да ја комбинирате со светло дрво, беж нијанси, како и посуптилни златни детали.

Смарагдно зелена
Смарагдно зелената е меѓу најголемите трендови за уредување за 2026 година.
Делува луксузно и впечатливо, а може да биде идеална за трпезарија или дневна соба.
Најдобро е да се комбинира со неутрални тонови и природни материјали.

Погледнете и: Комбинации на бои за ентериер кои ќе бидат хит во 2026-та
Спирова С. | Црнобело
