5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете

Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозможно да ги исчистите - кои се грешките за коишто луѓето најмногу се каат?

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-01.jpg

Од целиот дом, можеби најголем предизвик за уредување е кујната, особено ако имате мал простор.

Треба да ја направите практична, а сепак да изгледа како што сте замислиле.

Ако планирате да реновирате или го уредувате новиот дом, внимавајте на следните грешки за кои сигурно ќе се каете:

Премногу отворени полици

Иако отворените полици моментално се хит, немојте целосно да ги заменувате шкафчињата со нив.

Ако ви е мерак, оставете една две полици, но имајте и шкафчиња.

Причината е тоа што полиците не се најпрактични – ќе треба секогаш да бидат уредни, а и работите што ги чувате на нив нема да бидат заштитени од прашина, па ќе треба да чистите многу почесто.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-02.jpg

Погрешни завеси

Долгите завеси воопшто не се практични за во кујна, особено ако е мала.

Покрај тоа што лесно ќе се валкаат, ако имате мала кујна, долгите зависи ќе го направат просторот визуелно уште помал. Завесите од ткаенина и ќе ги впиваат сите мириси од кујната, па ќе треба да ги перете многу често.

За прозорците во кујна секогаш е подобро да ставите венецијанер ролетни или нешто слично.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-03.jpg

Само еден извор на светлина

Важно е во кујната да имате добро осветлување и обично само едното светло на таванот не е доволно.

Шкафчињата, аспираторот и полиците создаваат сенка над работната маса, а ова ќе ви ја отежни работата во кујна.

Затоа, ставете повеќе извори на светлина, вклучително и над самата работна маса.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-04.jpg

Многу шарени елементи во мала кујна

Кујните со многу бои можат да изгледаат навистина стилски.

Но, во мала кујна, многуте бои и дезени можат да го задушат просторот и да направат да изгледа хаотично.

Ако имате мала кујна, но не сакате само неутрални бои, тогаш можете да направите еден елемент во впечатлива боја или дезен.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-05.jpg

Елементи со релјеф

Кујната е место што се валка лесно, па важно е елементите да бидат лесни за чистење.

Затоа, во овој дел од домот избегнувајте шкафчиња и други елементи кои имаат релјеф, туку дајте им предност на оние со рамни површини.

5-greshki-vo-ureduvanjeto-na-kujnata-za-koi-sigurno-kje-se-kaete-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Пет бои за ентериер кои се најголем хит во 2026-та Ако сакате нешто впечатливо, нема да погрешите со сино-зелени нијанси, а доколку...
7 бои во домот кои експертите советуваат да ги избегнувате (и што да изберете наместо нив) Се вселувате во нов стан или сакате да го реновирате постоечкиот. И не знаете шт...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...
5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg