5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу)
Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои нема да ве чинат многу, но сепак ќе ви помогнат да ја освежите кујната кога реновирањето не е опција за вас.

Ако ви недостасува промена во кујната, но реновирањето не е опција за вас, доволно е да замените само некои ситници за да го освежите просторот.
Главно, ова се промени што ќе чинат многу помалку од реновирање или купување нови кујнски елементи, а сепак прават разлика.
Пет мали промени што ќе ја освежат кујната:
Кружно огледало
Генерално, огледалото не е предмет што го ставаме во кујна, но тоа не значи дека не треба.
Огледалата визуелно го зголемуваат просторот, особено ако се позиционирани спроти прозорец.
Кружните огледала, пак, имаат посебен шарм и можат да му дадат топлина на просторот.

Маса на склопување
Ова е идеално решение ако имате многу мал просторот на располагање.
Трпезариската маса на склопување нема да ви зафаќа многу простор, но кога ќе ви дојдат гости, сепак ќе можете да ја расклопите и да направите повеќе место.
Притоа, бидејќи е елемент кој „паѓа во око“, новата маса значително ќе го освежи целиот простор.

Ѕидна ламба
Никогаш не може да имате премногу светло во кујната, особено ако нема многу природна светлина.
Ѕидната ламба нема да зафаќа екстра простор, а ќе ви даде уше еден извор на светлина.
Притоа, навечер можете да ја вклучите само неа за атмосферата да биде попријатна.

Впечатлива прекривка за маса
Ако буџетот не ви овозможува да купите нова маса, тогаш купете убава прекривка која ќе се вклопува во ентериерот.
Ова е идеално решение ако масата е многу оштетена, но сте во можност да ја замените со нова.
Исто така можете да купите подметнувачи за чинии кои можете да ги комбинирате со прекривката.

Платнена ролетна
Платнените ролетни се одлична замена за завеси бидејќи изгледаат поуредно, а ја вршат истата функција.
Платената ролетна може да биде и како акцент на кујната ако останатите елементи се поминималистички.

Спирова С. | Црнобело