Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан
Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои и пред да купите нешто, добро размислете дали ви треба, но и каде ќе го чувате.

Со растот на цените на становите, особено во главниот град, сè повеќе луѓе кои сакаат свој дом се одлучуваат за помала квадратура.
Но, факт е дека може да биде предизвик да уредите мал стан така што ќе биде функционален, а ќе изгледа и убаво.
Јапонците се експерти за уредување мали простори, па од нив дефинитивно можеме да научиме многу.
Осум јапонски трикови за уредување мал стан:
Мебел кој се склопува
Ако имате еднособен стан, тогаш немојте да купувате голем кревет за спиење, туку ставете кревет со механизам на пуштање. На овој начин ќе можете да го користите и како гарнитура.
Размислувајте во оваа насока и за преостанатиот мебел во станот – ставете столчиња што се склопуваат, биро кое можете да го „соберете“ на ѕидот, секое парче мебел нека има и екстра простор за складирање

Чувајте само неопходни работи
Бидејќи сте ограничени со простор, важно е да не чувате предмети кои ви се непотребни.
Пред да купите нешто ново, секогаш добро размислете дали ви е потребно, но и дали имате каде да го чувате.

Одделете го просторот
Постојат бројни креативни начини да го одделите просторот во малиот стан, особено ако е еднособен.
На пример, можете да го скриете креветот за спиење зад параван или, пак, полица која ќе ви даде дополнителен простор за складирање.

Искористе го вертикалниот простор
Осигурете се дека шкафчиња и гардероберите ќе бидат со висина до самиот таван. Со ова ќе додадете простор за складирање.
Исто така, на разните ѕидови можете да ставите полици кои ќе бидат екстра простор за складирање.

