Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан
Оставете и празен простор
Немојте да го трупате секој агол од станот со украс или што било.
За домот да не изгледа натрупано и хаотично важно е да има и простор кој ќе „дише“.

Внесете многу светло
Ако имате големи прозорци, тогаш максимално искористете ја природната светлина и не ги затворајте со тешки завеси.
Ако недостасува природно светло, тогаш ставете повеќе извори на светлина.
Светлината ќе направи просторот да изгледа пошироко, но и многу поудобно.

Држете се до посветли бои
Колку и да сакате потемни нијанси, кога имате минијатурен простор, важно е да им дадете предност на светлите нијанси.
Во ред е да акцентирате со нешто потемно, на пример кревет во темнозелена боја. Но, на ѕидовите и поголемите парчиња мебел нека доминираат светли бои.
За разлика од нив, темните нијанси можат да го „затворат“ просторот, па станот да изгледа уште помало.

Спирова С. | Црнобело
