Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит
Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со вашата омилена боја.

Сè почесто се враќаат трендовите од минатото, без разлика дали е во прашање шминка, мода или уредување.
Пo ерата на минимализмот, сега им се враќаме на живите бои и дезени од ’80-тите и ’90-тите, а ретро трендовите за уредување стануваат многу популарни.
Пет ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит:
Тапети со впечатливи дезени
Таканаречениот максимализам станува сè попопуларен, а овој тренд почнува да се забележува и во бањите.
Ако ви здодеа од монотоните еднобојни ѕидови во бањата, можете да ставите шарени тапети, секако, водоотпорни.
Но, ако веќе имате шарени плочки на ѕидот, подобро одберете тапети со посуптилни дезени кои ќе се вклопат во ентериерот, за да избегнете „кич“ изглед.

Стаклен мозаик на подот
Плочките со стаклен мозаик беа огромен хит во ’80-тите и ’90-тите, а му даваат посебен шарм на просторот.
Можат да изгледаат одлично на подот во бањата ако сакате да ја освежите, но без премногу детали.

Розови плочки
Уште еден ретро тренд од минатиот век.
Плочките со нежни и пастелни розови нијанси изгледаат мошне добро во бањата. Притоа, лесно се комбинираат со други неутрални нијанси.
Бидејќи не се нападни, имате простор и за акцентирање со друга посмела боја.

Топли металик тонови
Ако сакате да направите само мала промена во бањата, тогаш можете да ги замените сивите чешми и туш со потопли, златни нијанси.
Веднаш му даваат доза луксуз и елеганција на просторот, а делуваат и носталгично.

Монохроматска бања
Ако сепак не сакате многу дезени, туку нешто понеутрално, можете да ја уредите бањата монохроматски.
Изберете нијанса што ви се допаѓа и целата бањата уредете ја во таа боја.
Просторот за грешка е многу мал, а бањата ќе изгледа уредно и елегантно.

Спирова С. | Црнобело
