9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање)
Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богата нијанса или, пак, со водоотпорен тапет.

Ако бањата ви делува застарено, но не сте во можност да ја реновирате, може да биде доволно да замените само некои ситници.
Секако дека ќе треба да потрошите некој денар, но ова не се ни споредува со сумата за целосно реновирање, а сепак прави огромна разлика.
Девет трикови за стилска бања со мал буџет:
Заменете ги рачките на шкафчињата
Ова е можеби најлесниот начин брзо да го освежите изгледот на бањата.
Иако се мал детаљ, рачките можат да направат огромна разлика.
Ако бањата ви е понеутрална, можете да купите и рачки со впечатлив дезен или нијанса, па да бидат како акцент.
Сменете ја чешмата
Старата и истрошена чешма може да направи бањата да изгледа застарено.
Но, денес можете да најдете чешми со модерен изглед по прифатлива цена и веднаш да ја забележите разликата.
Заменете ги штекерите
Иако не им обрнуваме многу внимание, и штекерите влијаат врз целокупниот изглед на бањата.
Ако вашите сте стари или премногу валкани, доволно е да ги замените за да го освежите изгледот.
Ставете подобро светло
Покрај главното светло во бањата, додајте уште некој извор на светлина.
На пример, светилката над огледалото можете да ја замените со елегантна ѕидна ламба.
Ако имате поголема празна површина, можете да ставите и столна ламба.
