Пет грешки во реновирањето на бањата за кои луѓето најчесто жалат

Ја отстранувате кадата иако имате доволно простор за неа и „штедите“ на шкафчиња за складирање.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-01.jpg

Реновирањето на бањата е голем подвиг што не се прави така често.

Поради ова, важно е максимално да ги избегнете грешките не само поради естетика, туку и поради функционалност.

Кои се грешките за кои луѓето најмногу зажалуваат?

Не ставате полица во туш-кабината (или покрај кадата)

Ако планирате да ставите туш-кабина, никако не заборавајте да ставите и полица.

Ова е детаљ што луѓето неретко го превидуваат, па кога се тушираат мораат да ги оставаат шампоните и другите продукти на подот во туш кабината.

Дури и ако планирате да ги чувате продуктите за туширање на друго место, важно е да имате полица во близина за да си го олесните туширањето.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-02.JPG

Ставате плочки со смела боја или дезен

Во бањата најдобро е да се држите до понеутрални нијанси, барем кога се во прашање плочките.

Точно е дека на Инстаграм и Pinterest смелите бои и дезени изгледаат навистина добро, но ова се главно минливи трендови.

Покрај тоа, ако сакате да реновирате во блиска иднина, ќе бидете многу ограничени со избор на елементи ако не сте подготвени целосно да ги отстранувате плочките.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-03_copy.JPG

Ја отстранувате кадата

Ако имате када во бањата и не ви треба дополнителен простор, експертите препорачуваат да не ја отстранувате.

Ако имате мали деца, но и куче, кадата ќе ви биде од огромна корист. Покрај тоа, ќе можете да си правите и купки.

Исто така, ако во иднина сакате да го продавате станот (или куќата) кадата може да го направи многу попривлечен.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-04.JPG

Не ставате доволно простор за складирање

Важно е како ќе изгледа бањата, но уште поважно е да имате доволно место за сите предмети.

Пред да се одлучите за крајниот дизајн, добро размислете што сè ќе чувате во бањата и колку шкафчиња и полици ќе ви требаат.

Продукти за хигиена, за убавина, тоалетна хартија, продукти за перење облека, корпа за валкана облека – сето ова се работи што ќе треба да ги сместите во бањата.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-05.JPG

Не размислувате за греењето во бањата

Ако немате централно греење или бањата не е поврзана со системот, мора да размислите и како ќе ја загревате.

Ако имате мала и добро изолирана бања, можете да ставите и подно греење. За поголем простор, поисплатливо може да биде да ставите радијатор.

Во овој случај најдобро е да се консултирате со експерт кој врз основа на вашата бања ќе ви каже што е најекономично и најефикасно.

pet-greshki-vo-renoviranjeto-na-banjata-za-koi-lugjeto-najchesto-zhalat-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
Трикови за пролетно освежување на домот со минимален трошок Украсете ја влезната врата, ставете сад со овошје на трпезариската маса, сменете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg