4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери

Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само затоа што се во тренд.

4-greshki-shto-gi-pravat-site-koga-ja-renoviraat-banjata-spored-dizajneri01.jpg

Реновирањето на бањата е голем подвиг и релативно скап процес кој не се прави често.

Затоа, мора внимателно да го испланирате секој детаљ.

Ако направите грешка, ќе треба да живеете со неа неколку години или да потрошите мало богатство за да ја коригирате.

Кои се најчестите грешки при реновирање бања, според дизајнери?

Штедите на туш кабината

Во овој случај, грешката се однесува на големината.

Секогаш ќе ви треба повеќе простор за туширање отколку што мислите, па немојте да ја купувате најмалата туш-кабина.

Не мора да потрошите ни цело богатство, но важно е да имате доволно место да се свртите.

4-greshki-shto-gi-pravat-site-koga-ja-renoviraat-banjata-spored-dizajneri-02.jpg

Ставате плочки со впечатлива боја, дезен и слично

Точно е дека на Инстаграм и Pinterest бањите со впечатливи плочки изгледаат навистина убаво.

Но, ако нешто е во тренд, за година-две може да биде демоде. А, менувањето на плочките во бањата не е воопшто евтино.

Затоа подобро е да ставите понеутрални плочки, кои сте сигурни дека нема да излезат од мода.

Притоа, кога плочките се понеутрални, дури и да сакате да ја реновирате бањата во друг стил, нив нема да мора да ги менувате.

4-greshki-shto-gi-pravat-site-koga-ja-renoviraat-banjata-spored-dizajneri-03.jpg

Ја отстранувате кадата

Ако во бањата имате када, а не ви треба повеќе простор, дизајнерите препорачуваат да не ја отстранувате бидејќи сигурно ќе зажалите.

Точно е дека туш кабините се практични и зафаќаат помалку простор, но и кадата има свои придобивки.

На пример, ако имате мали деца, многу е полесно да ги избањате во када. Кадата ќе ви се најде и кога треба да измиете нешто големо, па и да исперете нешто што не го собира во машината.

Секако, овде се и релаксирачките купки.

Па, освен ако не ви треба повеќе простор, оставете ја кадата.

4-greshki-shto-gi-pravat-site-koga-ja-renoviraat-banjata-spored-dizajneri-04_copy.jpg

Не земате предвид колку простор за складирање ќе ви треба

Добро размислете што сè ќе чувате во бањата и колку простор за складирање ќе ви треба.

И, секогаш оставајте и дополнителен простор, за нешто што не сте го испланирале.

Важно е во бањата да има доволно шкафчиња, особено ако ја користите повеќе луѓе.

4-greshki-shto-gi-pravat-site-koga-ja-renoviraat-banjata-spored-dizajneri-05_copy.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...
Пет грешки во реновирањето на бањата за кои луѓето најчесто жалат Ја отстранувате кадата иако имате доволно простор за неа и „штедите“ на шкафчиња...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg