5 идеи како да ги врамите сликите во домот, за луксузен и уникатен изглед (фото)

Ако ги ставите малите слики во големи рамки, ќе добиете совршена декорација со минималистички дезен, а просторијата ќе изгледа како некоја уметничка галерија.

5-idei-kako-da-gi-vramite-slikite-vo-domot-za-luksuzen-i-unikaten-izgled-foto-01.jpg

Сликите се мошне добра декорација во домот, без разлика дали ќе ги закачите на неколку места или ќе направите галерија на еден ѕид.

Секогаш му даваат уникатен изглед на просторот, го прават домот потопол, а некои дела и фотографии, се разбира, имаат и сентиментална вредност.

Ако ви недостасуваат идеи како да ги врамите, сигурно ќе ви се допадне нешто од следниве предлози:

Мала слика во голема рамка

Ако сакате поминималистички дизајн, оваа техника е идеална за вас.

Просторот меѓу сликата и рамката делува неутрално, па нема да го задуши просторот, дури и ако закачите повеќе слики на еден ѕид.

Притоа, изгледа навистина отмено, како во уметничка галерија.

Слики врамени во самиот ѕид

Ако реновирате, можете да ја пробате и оваа техника, која делува луксузно и елегантно.

И, не мора да врамите слика - можете да изберете и тапет со дезен што ви се допаѓа.

Само, ваквото врамување не е најдобро за мали простории и искористете го ако имате голема соба.

Рамки со текстил

За повпечатлив изглед, можете да искористите и ткаенини – ставете ги во рамката, па врз нив ставете ја сликата.

Во овој случај важно е сликата да биде помала од рамката за да се гледа ткаенината.

Рамки со позадина

Наместо ткаенина, можете да ставите и позадина од хартија во боја или со некаков дезен.

Комбинација од сите

Ако сакате таканаречен максимализам, тогаш слободно искористете ги сите техники што го спомнавме.

За поминималистички дизајн, можете да комбинирате само две кои сметате дека најдобро ќе се вклопат во вашиот ентериер.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени п...
Седум грешки кои прават домот да изгледа „евтино“ (дури и со скап мебел) Расфрлани кабли, завеси кои изгледаат растегнато кога ќе ги затворите, но и преп...
6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
9 трикови за стилска бања со мал буџет (без реновирање) Сменете ја чешмата, ставете ѕидна ламба и сменете ја бојата на ѕидовите во богат...

Најчитани неделава