Ни скапиот мебел не ве спасува – 7 грешки кои прават домот да ви изгледа евтино
Кратки или тесни завеси, просторија без огледало, кабли насекаде или пожолтени прекинувачи и уште неколку детали кои изгледаат евтино, независно колку ви е скап мебелот.

Понекогаш, независно колку скапи и убави парчиња мебел ќе одберете за уредувањето, ако не ги искомбинирате добро, може да дадат неубав резултат.
Не мора да значи дека причината за тоа е лош вкус, туку едноставно мали недостатоци кои визуелно даваат лоша слика за целината.
Многумина прават одредени грешки при уредувањето заради кои крајниот резултат не е совршен, независно колку сте се труделе.
Погледнете кои се тие:
Еден лустер за цела соба
Освен што делува здодевно во уредувањето, нема доволно светлина и остануваат темни агли во просторијата. Освен главен лустер, добро е да има и скриени лед светла или столна ламба.

Цел мебел залепен до ѕидот
Класичната ретро навика да се стави цел мебел залепен до ѕидот за да се ослободи простор, го прави ентериерот здодевен и делува евтино.
Поместете го мебелот барем малку, софата може и повеќе да ја повлечете, да креирате длабочина во просторот.

Недостаток на огледало во просторијата
Соба без огледало делува помало, потемно и помалку просторно. Огледалото освен што е функционално, исто така е и декоративен елемент. Закачете барем едно огледало во собата, визуелно ќе ја зголеми просторијата и светлината ќе се рефлектира насекаде.

Натрупани полици колку што собира капацитетот
Кога на декоративните полици е натрупано од книги, до фигури, рамки и далечински управувачи, окото гледа само хаос, независно колку се убави засебно предметите и тоа делува евтино. Искористете само третина од секоја полица, за да изгледаат убаво и групирајте ги, на пример книга, вазна и свеќа, нема потреба на секоја полица да има од сè.

Погрешни завеси
Завесите делуваат скапо, но не и ако се кратки колку висината на прозорот па го кратат плафонот, или ако се тесни што едвај го покриваат цел прозорец.
Идеално е да бидат долги до подот, до 1-2cm празнина измеѓу, а да бидат широки и да формираат набори за да изгледаат скапо, а не евтино како обично парче ткаенина.

Синици кои делуваат евтино
Не е важно само да ја имате најскапата гарнитура, столици и маса, ако по ќошиња имате грди штекери, испукани и уништени врати, голи сијалици наместо лустер или стари неугледни радијатори. Купете убави рачки, покријте ги старите прекинувачи со нови поубави, офарбајте го радијаторот...

Кабли насекаде
Кабли кои висат од телевизорот, од рутерот, од столната ламба, од полначи – ова дефинитивно прави просторот да изгледа хаотично и евтино.
Скријте ги соодветно каблите со специјални кутии, или најдете начин кој најмногу ви одговара како да ги покриете и да не бидат толку очигледни.

М. М. | Црнобело