Пет трикови за уредување со кои ќе му дадете француски шарм на домот
Долги завеси, винтиџ мебел и суптилни златни детали.

Француските домови имаат некој посебен шарм и лесно можете да го копирате ако следите некои едноставни правила.
Пет трикови што ќе ви бидат од помош:
Долги завеси
Откако почна да се прославува минимализмот, луѓето сè почесто ги избегнуваат завесите.
Но, овој детаљ може значително да го подобри изгледот на просторот.
За собата да изгледа визуелно повисока, како во француски стан, добро би било завесите да достигнуваат до подот.
Исто така, најдобро е да се држите до природни материјали и пастелни нијанси за да не изгледаат многу „кич“, но и зa подобро да се вметнат во ентериерот.
Златни детали
Златните детали можат да го разубават просторот и да му дадат вистински француски шарм.
Но, важно е да не претерате и во просторијата да имате само неколку суптилни детали во златна боја.
Ако не можете да се одлучите, никогаш нема да погрешите само со огледало со златна рамка.
Винтиџ мебел
Винтиџ мебелот станува сè попопуларен и има добра причина за тоа.
Факт е дека некои стари парчиња мебел се многу поквалитетно изработени, а и мошне добро се вкопуваат во помодерен ентериер.
Па, пред да купите нешто ново од салон, проверете дали во подрум имате нешто винтиџ што со мали корекции можете да го ставите во домот.
Голем лустер
Големиот лустер може да биде акцент на просторијата и да ѝ даде посебен шарм.
Најдобро изгледа врз трпезариската маса или масичката во дневната соба.
Ако се одлучите за голем лустер, важно е да ја имате предвид големината на собата, односно да изберете модел кој нема да делува премногу нападно.
Ѕиден релјеф
Декорациите направени на самиот ѕид му даваат доза раскош на просторот, а се важно обележје во старите раскошни француски домови.
Ваквите декорации лесно се изработуваат со гипс и може да ви помогнат да ја разбиете монотонијата, дури и ако сакате поминималистички ентериер.
Спирова С. | Црнобело
