Пет совети како да додадете раскош и луксуз во домот
Винтиџ украси, впечатлив лустер и внимателно избрани уметнички дела – со неколку мали промени, можете да направите домот да изгледа раскошно и богато.

Не секој може да си дозволи многу скап мебел кој сам по себе делува луксузно и раскошно.
Но, за да го постигнете истиот ефект, не мора да потрошите богатство.
Некогаш и само некои детали и мали промени можат да направат голема разлика.
Пет совети како да додадете раскош во домот:
Винтиџ украси и детали
Винтиџ деталите му даваат доза луксуз на просторот и прават да изгледа уникатно.
И, ова не се однесува само на винтиџ украси со убав дезен, туку и на квалитетен мебел и елементи кои изгледаат богато.
Бидејќи ваквите парчиња некогаш се поскапи, не мора целата соба да ја уредувате со винтиџ мебел.
Доволно е да ставите и само еден елемент, пример масичка во дневната, за да го забележите ефектот.
Впечатлив лустер
Кога одбирате лустер, прво треба да ја имате предвид големината на просторијата.
Ако уредувате поголема просторија со високи тавани, тогаш големиот раскошен лустер може одлично да се вклопи.
Доколку станува збор за помала просторија, тогаш одберете лустер со поминималистички дезен.
Секако, препорачливо е да ставите и дополнителни извори на светло, како уникатна подна или столна ламба.
Еден детаљ во впечатлива боја
За просторот да изгледа полуксузно и побогато, доволно ви е да додадете само еден детаљ во впечатлива боја или со дезен што малку се разликува од целокупниот ентериер.
На пример, можете да ставите големо огледало со раскошна рамка или, пак, таписерија.
Давајте им предност на природните материјали
Мебелот од природни материјали изгледа поквалитетно и прави просторот да делува пораскошно.
Внимателно избрани уметнички дела
Уметничките дела секогаш го разубавуваат просторот, но важно е да ги изберете внимателно.
Избегнувајте ги генеричките принтови и клише натписите и давајте им предност на дела кои ви значат вам.
Спирова С. | Црнобело
