Пет суптилни детали кои прават домот да изгледа полуксузно
Простор што „дише“, природни материјали но и стилски подни и столни ламби.

Некои детали можат да направат домот да ви изгледа полуксузно, без да потрошите многу пари или да се впуштите во целосно реновирање.
Ова се ситници на кои можеби не обрнувате многу внимание, но имаат влијание врз целокупниот изглед.
Пет детали со кои домот ќе ви изгледа полуксузно:
Простор и ред
Во овој случај не е во прашање голем, широк простор, туку дом кој не е натрупан со непотребен мебел и безброј украси.
Ако сакате домот да ви изгледа луксузно, внимавајте да не го задушите просторот и ставајте мебел со соодветна големина.
На пример, доколку имате мала дневна, подобро е да ставите еден кревет кој ќе биде квалитетен, отколку да купите и тросед и двосед и фотелја.
Исто важно е и домот да биде среден. За ова најмногу ќе ви помогне мултифункционален мебел, кој има скриен простор за складирање.
Убави садови и чаши
Убавите садови за јадење, особено ако стојат на видно место во кујната, можат да направат домот да изгледа полуксузно.
Па, дел од буџетот за кујна искористете го за комплет убави садови, но со поминималистички дизајн.
Текстури од природни материјали
Потрудете се текстурите во домот да бидат од природни материјали, како памук.
Немојте да трупате декоративни перници, ќебиња и лично кои изгледаат евтино, туку вложете во едно нешто кое ќе биде квалитетно и ќе делува многу полуксузно.
Стилски ламби
Столните и подните ламби со убав дизајн можат да направат драстична разлика во просоторот.
Никогаш нема да погрешите со нешто минималистичко, но можете да ги направите ламбите и акцент на собата, па да купите нешто со кристали и слично.
Големи предмети
Ова, секако, зависи од просторот што го имате на располагање.
Кога имате доволно простор, избирајте поголеми предмети и елементи. На пример, една голема слика на ѕидот или еден кревет во дневната со поголеми димензии.
Ова важи и за другите детали, како плочките во бањата и кујната.
Спирова С. | Црнобело
