Предмети кои носат несреќа во домот, според фенг шуи (и треба да ги фрлите или преместите)
Експертите за фенг шуи тврдат дека постојат одредени предмети во домот кои ја нарушуваат универзалната животна енергија (chi). А предметите кои носат лоша среќа треба веднаш да ги отстраните од домот.

Домот, освен што е место на живеење, истовремено е и простор кој силно влијае на нашето расположение.
Поради ова многу луѓе при уредувањето се водат од правилата на древното кинеско учење фенг шуи, кое ја нагласува важноста на рамнотежата и протокот на енергија во просторот.
Според фенг шуи одредени предмети и нивната поставеност во просторот може да поттикне позитивна енергија, но може и да ја нарушат ако не се правилно распоредени.
Ова се некои предмети кои според фенг шуи треба да се избегнуваат, или барем да се постават поинаку во домот.

Погрешно поставено огледало
Огледалата ја рефлектираат енергијата во просторот, па ако се во спалната соба, спроти креветот, можат да го нарушат сонот и да создадат чувство на немир. Затоа се препорачува да ги поместите или покриете во текот на ноќта.
Огледалото поставено наспроти тоалетот ја „цица“ енергија од просторот и тоа може да доведе до чувство на исцрпеност или застој.
Огледалото спроти влезната врата го одбива позитивното chi и ја спречува енергијата слободно да влегува во домот.
Огледалата спроти работните површини или трпезариските маси можат да создадат напнатост и да ја нарушат концентрацијата.

Треба да избегнувате поставување огледала на места каде што постојано има неред, зашто тие ќе го рефлектираат и зголемуваат нередот, но и негативната енергија во домот.
Кога ќе закачувате огледало, тоа не треба да биде поставено премногу ниско или премногу високо, бидејќи го нарушува протокот на енергија.
Препорачливо е огледалото да е поставено во ходникот, но да не гледа директно целиот ходник, туку да се постави под агол.
Идеално место за огледалото е спроти прозорец за да рефлектира светлина, или спроти растенија, бидејќи на овој начин просторот зрачи со свежина, просторност и позитивна енергија.

Црна влезна врата
Иако изгледаат елегантно, црните влезни врати често се поврзуваат со неповолна енергија во фенг шуи.
Се верува дека тие можат да привлечат негативни влијанија, освен ако не се свртени кон север.
Препорака на експертите е да изберете потопли или неутрални тонови за влезната врата.

Кактуси и растенија со боцки
Иако многу луѓе чуваат големи кактуси во домот, според фенг шуи ти не се добар избор.
Нивните остри форми и боцки симболизираат напнатост и енергија која „напаѓа“, па затоа е подобро да се чуваат на отворено, на пример на тераса или во двор, но не и дома.
Освен кактусите во оваа категорија влегуваат и алое вера, агава и растенија со остри лисја, но и некои видови бонсаи дрвца.
Од друга страна, препорачливо е да чувате растенијата што шират убава енергија, а тоа се бамбусот, папратите, орхидеите или цвеќиња со убав мирис и боја.

