6 идеи како да ги акцентирате „здодевните“ ѕидови во домот
Покрај тоа што можете да ги офарбате со впечатлива боја, можете да акцентирате ѕид во домот и со слики, па и украси со текстил.

Во секоја просторија, акцент може да биде и самиот ѕид, без разлика дали со неговата боја или некој украс.
Ако размислувате за нешто вакво, а немате идеја, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози:
Офарбајте го со впечатлива боја
Ова е најлесниот начин да го акцентирате ѕидот во која било соба.
Ако станува збор за помала соба, ова решение е идеално бидејќи нема да го затвори просторот, но само ако останатите ѕидови се со неутрална боја.
Тапети со дезен
Ако сакате нешто пошарено, тогаш на еден ѕид можете да ставите тапет.
Фотографии, слики и постери
Едниот ѕид можете да го претворите во галерија со врамени фотографии или слики.
Доколку не ви се трошат пари за врамување, можете да залепите постери и разгледници.
Украс со текстил
Ова решение е идеално ако не сакате да варосувате или не ви се ризикува да го оштетите ѕидот со ковење многу шајки.
На ѕидот можете да закачите таписерија или некој сличен голем украс од текстил.
Дрвени панели
Дрвените панели се огромен хит, најмногу бидејќи изгледаат добро во секаков ентериер.
Ѝ додаваат топлина на собата, а единствено треба да ја одберете вистинската боја.
Тули
Ако правите големо реновирање на домот, а сакате поиндустриски изглед, на едниот ѕид можете да ги оставите тулите видливи.
Спирова С. | Црнобело
