Ретро комбинации на бои кои изгледаат совршено во (по)модерен ентериер
Светлосина и боја на цреша или, пак, боја на сенф со земјени тонови – некои ретро комбинации на бои одлично се вклопуваат во модерниот ентериер.

Минимализмот и неутралните палети беа хит неколку години, но постепено трендовите се оттргнуваат од нив.
Сега им се дава предност на поживи нијанси кои му даваат душа на просторот, а можности за комбинирање има безброј.
Ако, пак, сакате спој на модерно и винтиџ, вреди да пробате некоја ретро комбинација.
Ретро комбинации на бои идеални и за модерен ентериер:
Светлосина и боја на цреша
Светлите нијанси на сина делуваат смирувачки, а кога ќе ги искомбинирате со впечатливата боја на цреша се создава одличен контраст.
Комбинацијата е и студена и топла, и суптилна и повпечатлива, па е идеална ако се двоумите.
Но, важна е големината на деталите – потребно е да доминира сината боја, а со црвената само малку да нагласите некои елементи за просторот да не изгледа хаотично.

Боја на сенф со скоро секоја друга нијанса
Бојата на сенф е хит од 1970-тите и 1980-тите, но може да изгледа одлично и во модерен ентериер.
Можете да ја ставите на гарнитура, текстил, па и да ја направите доминантна боја, а резултатот секогаш ќе биде топла и пријатна атмосфера.
Најдобро е што се комбинира со скоро сите дури нијанси, особено земјените тонови.

Светлосина и кафеава
Сините нијанси одбележаа неколку децении, па не е ни чудно што изгледаат добро во сите комбинации.
Ако сакате земјени тонови, но ви делуваат малку мрачно, можете да ги искомбинирате со светлосини нијанси.

Морнарско сина и боја на мандарина
Доколку сакате впечатлива комбинација со убав контраст, тогаш одличен избор ви се морнарско сината и бојата на мандарина.
Оваа нијанса на сина му дава длабочина на просторот, додека бојата на мандарина ја балансира.
Најдобро е портокаловата да не доминира премногу, туку повеќе да ја искористите за акцентирање.

Спирова С. | Црнобело
