Детали што прават домот да делува непријатно и евтино
Комбинирате или многу бои или само една и ставате тепих со несоодветна големина.

Секако дека е важно колкав буџет имате за уредување на домот, но уште поважно е да обрнете внимание на деталите кои прават огромна разлика.
Лошо избраните завеси, празните бели ѕидови но и тепихот кој е премал можат да го уништат изгледот на просторијата, дури и ако сте вложиле цело богатство во уредувањето.
Кои грешки треба да ги избегнувате?
Премногу бои
Изборот на бои е особено важен во уредувањето на домот, а за да не изгледа хаотично, треба да се држите до одредена палета. Најдобро е во просторијата да има три-четири бои.
Од друга страна, ако изберете само една боја, просторија може да делува стерилно и монотоно.
Наместо да има една боја која ќе биде акцент, најдобро е да направите слоеви со три-четири нијанси кои одговараат една со друга.
Со ова домот ќе изгледа живо и уникатно, но не премногу натрупано.
Празни, бели ѕидови
Празните бели ѕидови прават просторијата да изгледа монотоно, без разлика каков е мебелот и какви други бои имате искомбинирано.
Ако не сакате да закачувате ништо, тогаш можете да искористите текстура, нијанса која ќе се вклопува во ентериерот или, пак, да ставите тапети.
Погрешно избрани завеси
Завесите можат да го комплетираат ентериерот, но и да го уништат.
Препорачливо е завесите да се пошироки од прозорците, за да можат да се превиткаат и кога се затворени.
Треба да бидат закачени 10-тина сантиметри над прозорецот, но секако ова зависи и од тоа колку високо ви се поставени прозорците.
Кога избирате завеси, треба да го земете предвид стилот на целата соба – на пример, ако е минималистички, раскошните завеси нема воопшто да се вклопат.
Дизајнерите препорачуваат и да ги избегнувате завесите со дупки преку кои се закачени на корнизот (како на горната фотографија).
Овие модели секогаш делуваат застарено и го уништуваат изгледот на собата, без разлика како е уредена.
Кабли и приклучоци што се гледаат
Каблите под телевизорот или од другите уреди во домот секогаш имаат влијание врз просторот.
Најпрво, немојте да ги криете каблите под тепих бидејќи ова е опасно – ако кабелот се оштети, нема да знаете и може да настане пожар.
Но затоа, пак, денес лесно можете да најдете организатори за кабли, да ги скриете во украсни кутии и слично.
