Парчиња мебел и предмети за кои луѓето најчесто зажалуваат, според дизајнер на ентериер
Многу мала комода за телевизор
Телевизорите стануваат сè поголеми, па дури и да не планирате да купувате нов телевизор сега, имајте го ова предвид кога ја одбирате комодата.
Комодата секогаш треба да биде поголема од телевизорот бидејќи во спротивно ќе ви делува чудно, како да недостасува нешто.
Покрај тоа, поголемата комода значи и повеќе простор за складирање и генерално изгледа поубаво.

Премногу отворени полици и елементи
Внимателно средените отворени полици изгледаат одлично на Инстаграм и Пинтерест, но избегнувајте да ги ставате во секоја соба.
Освен полицата за книги и можеби некоја мала полица во кујната или во спалната, сè останато нека биде со вратнички.
Не заборавајте дека кога полиците се отворени, не можете да ги користите за складирање што било бидејќи нема да изгледаат убаво.
Покрај тоа, ќе имате и многу повеќе прашина за бришење.

Евтини светилки
Не мора да платите мало богатство за раскошен лустер, но вреди да вложите во квалитетни светилки.
Светлото целосно ја менува атмосферата од домот па треба да му обрнете внимание.
Избегнувајте многу евтини светилки бидејќи ќе се расипат брзо и на крај ќе треба да давате и уште повеќе пари.

Спирова С. | Црнобело