10 совети за декорирање на изнајмениот стан

Уредувањето на изнајмениот стан често претставува голем проблем и буди многу дилеми. Сакате да се чувствувате како дома, но знаете дека нема да се задржите подолго време, па тешко ви паѓаат сите инвестиции.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-01.jpg

Затоа ви предлагаме 10 начини и совети на кои можете да внесете живот, боја и ведрина во привремениот простор, а поголемите вложувања да ги сочувате за домот од соништата.


1. Размислувајте практично

Придржувајте се до еден стил и една палета на бои во сите простории. На тој начин лесно ќе можете да го преместите мебелот од една просторија во друга. На пример, фотелјата која моментално ви е во спална соба, утре можете да ја вклопите во дневната.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-2.jpg


2. Слика наместо тапет

Големата слика на ѕид ќе внесе боја и свежина во просторот без потреба да ставате тапети или да ги боите ѕидовите. Ако сликата сепак ви е преголема инвестиција, можете да се почестите со една ролна тапет залепен на средина, така што тој ќе ја имитира сликата која би требало да стои таму.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-3.jpg


3. Украсни перничиња

Декоративните перници се супер начин да внесете топлина, а не се толку скапа инвестиција. Секогаш можете да им смените шарени навлаки, но и да ги реорганизирате низ другите простории во домот.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-4.jpg


4. Ефектни теписи

Тепихот со дезен е паметен начин да го редефинирате просторот без трајни промени. Ќе го скриете стариот паркет или ламинат и ќе внесете малку боја. Шарените патеки се добар избор за ходниците, но и за просторот покрај креветот во спалната соба.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-5.jpg


5. Галерија на ѕид

Своите уметнички дела можете да ги закачите на еден празен ѕид без да потрошите многу пари. Тоа може да бидат семејни слики закачени во интересни рамки или некоја мини галерија по ваша желба.

10-soveti-za-dekoriranje-na-iznajmeniot-stan-06.jpg

Уште 5 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото) Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – ...
Како да ѝ дадете луксузен изглед на бањата со минималистички златни детали? (фото) Златната боја изгледа одлично во бањата, а доволно е да замените само неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg