Како да ја уредите малата детска соба за да биде практична, но и да изгледа убаво? (фото)

Простор за складирање под креветот, големо огледало и многу природна светлина – постојат многу трикови што ќе ви помогнат да ја уредите малата детска соба така што ќе биде практична, но и ќе изгледа убаво.

kako-da-ja-uredite-malata-detska-soba-za-da-bide-praktichna-no-i-da-izgleda-ubavo-foto01.jpg

Во малите соби е клучно максимално да го искористите просторот. Ова значи дека е препорачливо да го искористите и просторот на ѕидовите – ставете многу полици, ставете гардеробери што се високи до таванот и слично. Одличен трик е да оставите и простор за складирање под самиот кревет.

За просторијата да изгледа поширока, држете се до една палета од неколку бои. Односно, немојте да мешате премногу бои за просторот да не изгледа натрупано.

За да го направите просторот визуелно поголем, можете да ставите и големо огледало.

Најдобро е мебелот да биде направен по мерка за да не ви зафаќа дополнителен простор.

Исто така, максимално искористете ги прозорците – природната светлина го прави просторот визуелно поголем, па немојте да ги криете со тешки завеси.

Прочитајте и На гости кај Маја: Совршено уредена детска соба во земјени тонови во куќа во Скопје (фото)

Неколку фотки за инспирација:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јапонски трикови за уредување минијатурен (еднособен) стан Максимално искористете го природното светло, давајте им предност на светлите бои...
Трикови за уредување соба со малку природна светлина Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни ...
Шест грешки поради кои малиот дом изгледа уште помало (и хаотично) Мебел за кој очигледно немате место, како и доминација на темни бои. Кои грешки ...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
4 грешки што ги прават сите кога ја реновираат бањата, според дизајнери Штедите на туш кабината и купувате многу мала и ставате впечатливи плочки само з...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...

Најчитани неделава