Трикови за уредување соба со малку природна светлина
Ставете големо огледало спроти прозорецот и наместо темни завеси, ставете лесни и прозрачни.

Ако имате просторија во која не влегува многу природна светлина, важно е да го имате ова предвид кога ја уредувате.
Постојат многу трикови што ќе ви помогнат да ја направите да делува посветло, без да ставате многу силни сијалици.
Совети што сигурно ќе ви бидат од корист:
Ставете големо огледало
Огледалата ја рефлектираат светлината, па може да ви помогнат да ја осветлите темната просторија.
За најдобро да го искористите овој ефект, ставете го на ѕид спроти прозорецот.
Мали сијалички и дополнително светло
Можете да ја украсите собата со мали жолти сијалички кои му даваат посебна топлина на просторот.
Исто така, експериментирајте со столни и подни ламби кои создаваат навистина убава атмосфера.
Светли бои
Штом собата има помалку природна светлина, тогаш препорачливо е да ја декорирате со светли бои.
Во ред е да акцентирате нешто и со потемна боја, но нека доминираат светлите нијанси кои рефлектираат повеќе светлина.
Ставете отворени полици и средете го хаосот
Отворените полици изгледаат добро, а нема дополнително да го затворат просторот покрај недостатокот од светлина.
Покрај книги на нив можете е да ставите огледало, столна ламба или по некој украс со светла боја.
Но, не претерувајте со украси и декорации – во темна соба, само ќе го задушат просторот.
Избегнувајте тешки завеси
Кога во собата и онака влегува малку светлина, тешките, темни завеси уште толку ќе го затворат просторот.
Во потемните простории ставете лесни, прозрачни завеси кои пропуштат светлина, но сепак ќе ви дадат и приватност.
Ставете декорации со светли бои
Потрудете се да доминираат декорации со светли бои.
Можете да ставите и по некое растение кое ќе го освежи просторот.
Спирова С. | Црнобело
