5 трикови за стилски дом што ги користат дизајнерите на ентериер
Комбинирајте повеќе дезени во една просторија, а ако ви се чини дека недостасува нешто во просторот, зеленилото може да ви го реши проблемот.

Ако не сте фан на минимализмот и сакате домот да ви изгледа стилски, ќе треба да ја искористите креативноста.
А, дизајнерите имаат одлични трикови што ќе ви бидат од корист.
Пет трикови што ги користат дизајнерите на ентериер:
Слободно комбинирајте дезени
Многу луѓе избегнуваат да мешаат дезени бидејќи се плашат дека просторот ќе изгледа кич.
Но, ако вметнете неколку различни дезени, собата може да изгледа како ремек-дело.
Секако, важно е дезените да се надополнуваат. На пример, ако имате тапет со голем цветен дезен, тогаш другиот дезен нека биде посуптилен, на пример нешто помало на декоративни перници.
Важно е дезените да бидат со исти бои и да доминира само еден, а другите да бидат посуптилни.
Не мора да ставате само еден тепих
Ова е трик што може драстично да го промени изгледот на просторот.
Можете да ставите еден голем тепих со минималистички дезен или во една боја, а врз него да ставите помал тепих со слични нијанси, но повпечатлив дезен.
Користете книги како декорација
Таканаречените coffee table books можат да бидат идеални и како декорации. Обично ова се книги со впечатливи корици кои изгледаат како украс.
Но, слободно искористете ги вашите омилени книги како декорација не само на полиците, туку на масата во дневната, на ноќната масичка во спалната и слично.
Секако, важно е да не претерате и просторот да остане функционален.
Додајте зеленило
Ако ви се чини дека нешто ви недостасува во просторот, тогаш зеленилото може да ви го реши проблемот.
Без разлика во каков стил е уредена собата, зелените растенија одлично ќе ја надополнат.
Избегнувајте еднолични украси и мебел
Ако сакате домот да изгледа стилски, тогаш комбинирајте мебел со различни стилови.
На пример, двоседот и фотелјата може да бидат со потполно различен дезен.
Или, комодата под телевизорот може да биде во сосема поразличен стил од масата во дневната.
Истото важи и за украсите – комбинирајте стилови, бои, текстури…
Спирова С. | Црнобело
