8 трендови за уредување што ќе доминираат во 2023-та, според дизајнери на ентериер

Мермерните маси, подовите од темно дрво, како и мебелот од ратан ќе бидат едни од најпопуларните трендови за уредување во 2023-та според дизајнерите на ентериер.

8-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2023-ta-spored-dizajneri-na-enterier-01.jpg

Изгледа секоја година „воскреснуваме“ некој постар тренд за уредување, а истото важи и во 2023-та.

Според дизајнерите на ентериер, оваа година повторно ќе им се дава предност на винтиџ парчињата мебел, но и на мебелот од ратан кој беше вистински хит минатото лето.

Кои други трендови за уредување ќе доминираат годинава?

Комбинација од винтиџ и модерни парчиња мебел

Винтиџ мебелот стана мошне популарен минатата година, а во 2023 ќе го гледаме уште почесто, и тоа во комбинација со помодерни парчиња.

8-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2023-ta-spored-dizajneri-na-enterier-02.jpg

Лак наместо обична врата

Лаковите се користеле уште во древното минато, а сега повторно стануваат популарни.

Наместо обична врата или вообичаен отвор, отворот со лак може да го освежи изгледот на целата просторија.

8-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2023-ta-spored-dizajneri-na-enterier-03.jpg

Кафени нијанси

Ништо не ја заменува топлината што ја даваат кафените нијанси, па не е ни чудно што повторно стануваат хит.

8-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2023-ta-spored-dizajneri-na-enterier-04.jpg

Мебел од ратан

Мебелот од ратан беше хит во 2022-ра, а трендот ќе продолжи и во новата година.

Покрај тоа што мебелот и предметите од ратан изгледаат одлично, овој материјал е многу поеколошки од бројни други.

8-trendovi-za-ureduvanje-shto-kje-dominiraat-vo-2023-ta-spored-dizajneri-na-enterier-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Како да му дадете луксузен изглед на домот, со малку пари? Завеси од подот до таванот, многу растенија и три извори на светлина се само дел...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Трендови за уредување што ќе бидат хит и трендови што ќе исчезнат во 2024-та Дизајните инспирирани од природата стануваат сè популарни, додека доминацијата н...
5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на к...
Како да му го подобрите изгледот на стариот (и евтин) мебел, без да потрошите многу пари? Скријте ја старата гарнитура со убави прекривки и декоративни перници, а стаклен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg