5 креативни идеи како да ги изложите цртежите на вашите деца во домот

Направете галерија на ѕидот или закачете ги на жица - постојат многу начини на кои можете да ги изложите цртежите на вашето дете и да покажете колку се гордеете со неговите уметнички дела.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-01.jpg

Децата се бесконечен извор на креативни идеи. Тие постојано создаваат нови цртежи, па вистинска штета е да не ги зачувате и да не покажете колку, всушност, се гордеете со креативниот ум на вашето дете.

Неколку предлози како можете да ги изложите делата на вашите деца во својот дом:

1. Направате галерија на ѕидот

Наједноставен начин е да ги наредите цртежите во рамки за фотографии, без разлика дали тоа ќе биде во детската соба, ходникот или дневната соба.

Можете да одберете шарени рамки во различни бои или, пак, да се одлучите за монохроматски бои како што се црната и белата.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-02.jpg

2. Залепете ги на ѕидот

Ако не сакате да ги оштетите ѕидовите со шајки, можете да ги залепите цртежите на ѕидот.

Тоа е воедно и добар начин за украсување на ѕидот од детската соба, а бидејќи не вклучува шајки, детето може многу лесно само да ги менува цртежите по сопствена желба.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-03.jpg

3. Ставете ги на бирото

Ако сте љубител на минималистички стил и не ви одговара украсувањето на ѕидовите, цртежите на вашите деца ставете ги во обична рамка за фотографија и ставете ја на вашето биро.

А, ако станува збор за цртеж на кој детето е посебно гордо, тогаш на тој начин ќе му дадете мотивација за понатамошна работа и креативно изразување.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-04.jpg

4. Закачете ги на жица

Уште една минималистичка идеја која одлично ќе се вклопи во модерно уредените станови.

На тој начин многу лесно можете и сами да го менувате распоредот на цртежите, а жицата можете да ја сместите каде сакате.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-05.jpg

5. Направете постер од цртежите

Уште еден ефективен начин на кој ќе зачувате повеќе дела од вашите деца на едно место е да направите постер од неколку.

На поголем бел хамер од хартија залепете одбран дел цртежи и наредете ги така како што вам најмногу ви одговара.

Новонастанатиот постер потоа можете да го залепите на врата или ѕид.

5-krativni-idei-kako-da-gi-izlozhite-crtezhite-na-vashite-deca-niz-vashiot-dom-06.jpg

М. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Кај Драгана дома: Есенски украсен стан во Гостивар со тикви во сите форми и бои и суво цвеќе (фото) „Препознатливо за мене е што во мојот дом секогаш сè е украсено во зависност кој...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Предмети кои се „магнет за малер“ во домот, според Фенг шуи Начинот на којшто го уредуваме домот, доста зборува за нас, но според Фенг шуи п...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg