5 коктели со вино за „живели“ на Св. Трифун


5 коктели со вино за „живели“ на Св. Трифун

Ако Св. Трифун ви е омилениот повод за да ја кренете високо чашата со вино, тогаш оваа година ви предлагаме да не ја полните само со вино. Додадете и уште нешто.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-001.jpg

Винските коктели во продолжение ќе ве подготват за незаборавен ден посветен на виното:

Ако имате евтино вино кое не се пие чисто:

Измешајте го со 2-3 чашки (за ракија) рум, малку мед, сок од лимон и сето тоа разредете го со минерална вода со вкус на лимон, или обична.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-1.jpg

Ако сакате греано вино:

Во длабоко тенџере на тивок оган измешајте 750ml слатко црно вино со 2 шолји apple cider, ¼ шолја мед, 1 портокал исечен на кругови, 2 стапчиња цимет. Може да додадете и неколку капки бренди за посилен вкус.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-2.jpg

Ако сакате зимска сангриа:

Виното истурете го во бокал и во него додадете малку минерална вода со вкус, 2 убаво исчистени мандарини, 1-2 јаболка исечкани на коцки, неколку зрна калинка и гранчиња рузмарин. Измешајте, оставете да отстои неколку часа, па потоа наточете во убави, големи чаши.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-3.jpg

Ако сакате „сечено вино“:

Многу едноставно, но има фенси име – Калимоксо. Овој коктел се состои од еднакви делови на црвено вино и Coca-Cola, освежено со неколку парчиња лимон.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-4.jpg

Ако сакате да се покажете пред гостите:

Помешајте слатко овошно црвено вино со 1 чаша сок од портокал и ½ чаша сок од брусница. Прелијте со ½ чаша Sprite или вода со вкус и изрендајте малку кора од лимон. Промешајте, оставете да отстои и послужете со неколку суви брусници и парчиња лимон во чашата, по желба.

5-kokteli-so-vino-za-ziveli-na-sv-trifun-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сок од цвекло: Моќен пијалак кој топи 5 килограми за 2 недели Предностите на цвеклото веќе на сите ни се добро познати. Освен што ја зајакнува...
Вкусен коктел за крај на летото: Шејк од банана со рум Ги одбројуваме последните денови од летото, но тоа не значи дека не можеме да се...
Споделуваме искуства: „Какви промени ми се случија откако пијам топла ... Холи Смит е млада жена која го сподели своето искуство со милиони лица ширум све...