По Далгона кафето: Млеко со јагоди - нова опсесија на Инстаграм (фото)
Инстаграм е преплавен со фотографии од новиот хит пијалак. Розов, фотогеничен и со вкус на јаготки...

Далгона кафето за кратко време стана хит на Инстаграм, но сега уште еден пијалак со својата фотогеничност ги „зарази“ Инстаграмџиите.
Тој е розов и лесен за правење.

За кремастата смеса потребни ви се јагоди и 4 лажици блага хопла кои ќе ги измешате во блендер или со миксер.

Во чаша со мраз ставете малку студено млеко, а одгоре истурете ја кремастата смеса. Декорирајте со јагоди и пијалакот е подготвен за уживање и сликање.

Подготовка на новиот Инстаграм хит (ако ги немате состојките од видеото, подгответе со горенаведените):
С. С. | Црнобело
