„Од Струмица се преселивме во Лондон, сакав да се вратам, но сега сум пресреќна“ - Никол Динева Гарванлиева за животот во Англија

Какви се Британците како народ? Што ти пречи најмногу кај нив, а што ти се допаѓа најмногу?

Британците се многу љубезни и културни.

Британскиот бон-тон диктира учтивост во секое време, што значи да се формира уредна редица во продавница или за јавен превоз, да се каже „извинете“ кога некој ви го блокира патот и „ве молам“ и „благодарам“ за секоја услуга што сте ја добиле.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-17.jpg

А каква е британската храна и колку се разликува од нашата? Што ти се допаѓа, а кои нивни специјалитети не ги сакаш?

Лично, не сум љубител на британската храна.

Единствено што јадам е англискиот појадок кој вклучува сланина, колбаси, јајца, тавче гравче, тост, печурки, домати, хаш-браун.

Но, да, на секој чекор ќе наидеш на риба и чипс (fish and chips) – тие тоа го обожаваат.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-19.jpg

Каков е стилот на Британките? Дали следат мода? Колку го прифати нивниот начин на облекување или секогаш се водиш од својот вкус?

Британците преземаат повеќе ризици во стилот, зрачат со изразена естетика и се дефинитивно индивидуални во нивниот стил и необичност што се манифестира во густо плетени џемпери и ненаметливи додатоци.

Што се однесува до мојот стил, тој се менува со годините.

Јас сум си сама на себе инспирација кога е стилот во прашање.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-11.jpg

Како изгледаше градот во последните неколку недели додека сè беше во знакот на крунисувањето на кралот Чарлс? Колку се менува Лондон во време на вакви големи настани – кралски свадби, погреби, па сега и со крунисувањето?

Во текот на целата недела го слават крунисувањето на кралот.

Градот е со посебна убавина, украсен со знамиња, сите беа со очекување на тој ден.

Но Лондон во тоа време беше и премногу блокиран.

Во училиштата дечињата и персоналот се вклучени во голем број активности, правеа круни и украсуваа портрети.

Лондон е во тој дух на секој голем празник. А славењето трае со денови.

od-strumica-se-preselivme-vo-london-sakav-da-se-vratam-no-sega-sum-presrekjna-nikol-dineva-garvanlieva-za-zhivotot-vo-anglija-20.jpg

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ристе од Скопје за посетата на Лондон: „Авионски билет се наоѓа и за 20€, градот е многу небезбеден ... „Туристичка виза се добива исклучиво преку онлајн апликација бидејќи кај нас нем...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
Марија Главчева за животот во Чикаго: „Многу македонски деца има овде, а сите тие можеа да растат во... „Живеам во околина на Чикаго, ме нервираат измамниците, да ти е страв да кренеш ...

Најчитани неделава