Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“

На почетокот што ти пречеше најмногу од животот таму, а што ти се допадна најмногу?

Сѐ има позитивни и негативни страни. Швеѓаните се малку позатворени или подобро кажано повнимателни, па нема таква блискост во секојдневието со пријателите. Тоа ми пречи, ми недостигаат луѓе во секојдневието, со исклучок на моментите кога ти се спие, а мораш да станеш и да му свариш кафе на соседот.

Ми пречеше кога работев како воспитувачка да бидам долго време надвор со децата на студот.

Да пешачам долго на студот, бидејќи Стокхолм е голем град и има долги дистанци меѓу местата, а не се употребува многу такси.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-19.jpg

Долови ни го секојдневието во Шведска...

Ајде една мала приказна за еден типичен ден на една Швеѓанка, ќе ја крстиме Анна, би изгледал вака....

Ќе земам за пример еден четврток, бидејќи не е преполн со анксиозност како понеделник бидејќи е цела работна недела останата, а не е ни викенд.

Анна станува околу 6 часот, се тушира, појадува, пример корнфлекс со фил - нешто како некисел јогурт. Се облекува набрзина, ги облекува децата и трча да ги остави во градинка.

По пат ѝ смрзнува косата, како мразулци на врвовите, зошто надвор е -10, а не си ја исушила. Јас ја среќавам во градинка и ѝ велам, дали си нормална оди дома да се исушиш ќе се разболиш, па и ако те види мајка ти кај ти е крајот.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-10.jpg

Ги остава децата и трча во автомобилот, го остава автомобилот на паркингот на железничка и оди на работа со воз. На работа си работи до кај 10, па оди до собата за персонал да си земе филтер кафенце и нешто да поткасне, таму сфаќа дека денес за ФИКА (оригинален шведски збор, обично е благо со кафе, ама може да е и нешто друго, битно со кафе) е задолжена Линда, а Линда е по здравиот живот и симпатизер на зелената политичка партија, па донела јаболка и банани.

Додека Анна го пие кафето, и вика „Браво!“ на Линда за иницијативата, многу е важно да се јаде овошје и е многу добро за околината. Фала ти за фиката, одам да поработам. Оди, од бирото од фиоката, си вади неколку карамели „Думле“, а хартивчињата ги фрла во фиока, за никој да не ја види. 

Во 12 часот, Анна оди на ручек, сите се на ручек, меѓу 12 и 13 не е препорачливо ни да ти се слоши, освен ако не е во локалното кинеско ресторанче што служи буфе за ручек. Значи, речиси буквално никој не работи тој еден час, освен ако не работиш на ургентен или возиш такси.

Неочекувано лош факт е дека овој скапоцен час не ти е платен од работа, и не се пресметува во тие 8 часа.  

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-07.jpg

До кај 17 часот најверојатно ќе испие Анна уште едно кафе. Ако случајно ја затече Линда уште еднаш, ќе ѝ рече: „Ладно и темно е денес, рекоа на прогноза ќе има сонце ама ништо. Ај, да одам да поработам“.

Часот е 16.45. Анна оди до тоалет, го гаси компјутерот и веќе во 16.58 ја става раката во ракавот од јакната и е спремна да оди. 

Има сега варијанта ако ѝ е среќен ден на Анна, тогаш има договорено „афтерворк“ со Малин, Емма, Хенрик и Исак. Тогаш одат во пабот што им е пред работа на некое пивце. Но, во тој случај Анна отишла пешки до железничка станица утрото, косата ѝ била сосема смрзната, не само на врвовите. Затоа што тука никој не вози кога пие.

Ако возиш пијан, и роден брат би те пријавил во полиција (сосема го поддржувам тоа!).

Да се вратиме на Анна и колегите, се „заборавија“ во пабот и се направија партали. Во петок ќе испијат 4-5 кафенца со канел булиња (ролници со цимет), затоа што Камила е задолжена за фиката, и ќе бидат како нови.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-02.jpg

Е, другата варијанта е дека Анна сепак си оди дома после работа, а сопругот Томас ги зел веќе децата од градинка.

Родителите имаат право на 20% скратено време додека децата не наполнат 8 години, и тие 20% (нов лош факт, тие 20% не се платени, ни од работодавецот, ни од социјално). За второто дете, одлучија Томас да ги земе тие 20%. 

Вечераат сите заедно, ќофтиња со пире и мармалад од брусница. Децата и Анна му се заблагодарија на Томас за вечерата. Сите седнаа и гледаа „Идол“.

Тие ги легнаа децата и им прочитаа приказна во 8 часот. Потоа си пуштија серија на Нетфликс и си гледаа до 22.30. Си кажаа добра ноќ, се бакнаа и си заспаа. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-05.jpg

Од Швеѓаните, која животна лекција треба да ја научиме? 

Дека мажот и жената треба да ги поделат подеднакво обврските, вклучувајќи менување пелени, породилно и слично. 

Луѓето да се гледаат како еднакви, без разлика кој пол се, од каде доаѓаат, со што се занимаваат, каква сексуална или политичка припадност имаат.

Патувањата и семејството се најголема животна инвестиција.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-08.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Мајка од Скопје за камперскиот живот: „Моите најубави детски спомени се од Градиште, го сакам тоа и ... „Моите најдраги спомени од детството се поврзани со Градиште и затоа сакав љубов...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...

Најчитани неделава