Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“

Тешко ли е да се започне свој бизнис таму? 

Па да, како и секаде верувам.

Како се забавуваат Швеѓаните, каде одат на одмор, висок ли е многу стандардот?

Обично забавите се за викендите. Се излегува и по ресторани, пабови и барови, а и по дома.

Стандардот е многу повисок. Рестораните се многу поексклузивни, како и изборот на пијалаци.

Кафе чини околу 300 денари. Алкохолот е скап, бидејќи се даночи многу високо, пиво е околу 500 ден, коктел 800 ден, чаша вино 600 ден, главен оброк околу 1.500 ден, брза храна оброк 800 денари.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-04.jpg

Киријата зависи, каде се наоѓа станот/куќата, околу 700 евра за 70m2. Во основа не е прескапа, само што тешко се доаѓа до станови под кирија од прва рака, треба обично да си многу долго на листа на чекање во општината.

Колку си подалеку од центар, толку се листите пократки за чекање. Ако е од прва рака, има максимална сума што можат сопствениците да ја наплаќаат, а таа сума ја одредува државата.

Втора рака треба да е 15% плус од таа што е, ама има многу злоупотреба на системот. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-04_1.jpg

Што сонуваш на поле кариера и каде би сакала да дочекаш пензија?

Би сакала да продолжам да работам со уметност. Би сакала да продолжам да ја работам мојата „Галерија Зест“, можеби да отворам уште една на некое топло туристичко место.

Би сакала и јас да цртам повеќе, да ги изложувам и продавам моите дела. Но, сепак, животот оставам да ми ги отвора патиштата, пред сѐ сакам да се занимавам со креативна работа, можеби ќе имам нови идеи и некои други нови можности. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-03_1_copy.jpg

Во пензија дефинитивно голем дел од времето би сакала да го поминувам во Македонија, со сите мои луѓе таму, сопругот и Зои.

Би сакала да имам дом и во Стокхолм. А најмногу сѐ да сме сите здрави и живи и да имаме ведрина за да патуваме и да го осознаваме светот.

Повеќе фотографии од Тиана:

 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Мајка од Скопје за камперскиот живот: „Моите најубави детски спомени се од Градиште, го сакам тоа и ... „Моите најдраги спомени од детството се поврзани со Градиште и затоа сакав љубов...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...

Најчитани неделава