Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“

Какви се на поле пријателства? Дали се навистина студени?

Студени не, повеќе се внимателни. Кога веќе сте блиски пријатели, тогаш се како луѓето во Македонија. Освен што дружењата се планираат малку подолго однапред.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-16.jpg

Како е да се расте дете во Шведска, кои се предностите во образованието, здравството, како и колку чинеше породувањето и слично. Навистина ли ги изнесуваат децата да спијат надвор на минусни температури?

Па, да растеш дете можеби е една од најголемите предности во Шведска и Скандинавија.

Образованието е бесплатно, сите училишта се бесплатни, без разлика дали се приватни или државни. Не смее да има никакви трошоци за родителите, дури ни храна, книги, моливи и тетратки.

Не смеат да се бараат пари од родителите за никакви екстра активности, како екскурзии и слично. Се плаќа само за целодневна, која е отворена од 6 до 18 часот најчесто, дури има и за тие што работат ноќна смена, како ноќен престој за децата. Цената е во зависно од примањата на родителите.

Децата се целосно вклучени во образовниот процес, без разлика на дијагнози и состојби. Се гледа индивидуата и се приоѓа од потребите на детето.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-15.jpg

Децата со дијагнози се откриваат рано и им се даваат огромен број на можности за помош, на децата, на родителите и на персоналот во училиште.

Тоа што во Македонија го (о)зборуваат за бесно и невоспитано дете, тука е можеби одамна дијагностицирано со АДХД и зема лекови, има асистент во училиште и слично. Ова е само еден пример. 

Да, децата од бебиња спијат надвор. Температурата не треба да биде пониска од околу -5ºC, некои викаат и до -10ºC.

И јас ја оставав Зои да спие надвор, но оваа зима е преладна, а и мајка ми е тука на помош, така што тоа не е опција. Јас лично до 0ºC би ја оставала.

А во градинка не те прашуваат, сите спијат надвор. Но, сите имаат и супер зимска опрема. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-13.jpg

Какви се на поле кариера и со што се занимавате ти и сопругот?

Работливи се и одговорни генерално. Има огромен спектар на професии, а и смерови на факултетите.

Патрик работи како финансов директор за Шведска и Данска, во француска фирма. Јас имам заедно со Патрик уметничка галерија во Стокхолм и претставувам македонски уметници.

Во Македонија завршив Педагошки факултет – предучилишно образование.

Кога се преселив тука, 3 години учев шведски јазик, од кои последната година учев на факултет, како шведски за академци, за тие што имаат факултет во својата земја. Како комбинација на предмети.

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-12.jpg

Штом завршив ја најдов првата работа, во градинка. Таму работев половина година.

Следната работа ми беше во училиште, прво одделение, таму работев 3 години. После се префрлив во приватно училиште, таму имав комбинирани часови, во 1 одделение и ликовно до 6 одделение. 

Работата како наставничка ми одеше супер, но некако не ме исполнуваше. Отсекогаш сакав да работам нешто покреативно и со уметност. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-11.jpg

Како дојде на идеја да отвориш галерија во која се застапени македонски уметници? Колку Швеѓаните покажуваат интерес?

Јас сум била секогаш заинтересирана за уметност, и самата јас цртам и сум талентирана.

Татко ми е уметник и отсекогаш сум била опкружена со уметност, а и имаше галерии во Грција, Македонија, сѐ уште има во Охрид.

Уметниците што ги претставувам имаат прекрасни и уникатни дела и да, им се допаѓаат на Швеѓаните. Не сум имала купувач Македонец досега, само Швеѓани и интернационални купувачи.

Но, не е лесно да се допре до нив, затоа што сепак си имаат трендови да купуваат од одредени популарни шведски уметници. Како и ние што имаме во Македонија, затоа што тоа е кај поголем број луѓе еден вид статус. 

tiana-od-skopje-so-soprugot-shvegjanec-se-zapoznavme-na-odmor-na-rodos-i-sega-shvedska-mi-e-dom-02_1.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Марко Џамбазоски: „Сакам да истражувам и да покажам дека Македонија е многу повеќе од Скопје и Охрид... Марко Џамбазоски од Скопје со неговиот авантуристички дух постојано ја истражува...
Јордан Колевски го замени Скопје за Торонто: „Животот овде е прекрасен, луѓето се топли и љубезни, р... „Овде секој ќе те поздрави иако не те познава, луѓето се топли и насмеани. Ми се...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Моника и Никола патуваа од Скопје до 3 грчки острови со скутер: „Поминавме 1.800km, ни се запали куф... „На пат кон Атина имавме мало патешествие, кое за среќа нè чинеше само 2 изгорен...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Маневски живее во Стразбур: „Велосипед е основно превозно средство, рестораните работат само ... „Живеењето во Стразбур веројатно не може да се замисли без велосипед како основн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg