Марија и Магделена, наши фит близначки што се облекуваат во тон: „И на Сејшелите бевме модно усогласени“
На Сејшелите го пробавме најдобриот рум Такамака. Таму уживавме на најмекиот ситен бел песок со неверојатна природа, многубројни огромни палми, корални острови, џунгли, растителен и животински свет.

Беше доста интересно да се видат огромните желки на самите плажи, а не толку интересни за гледање беа големите пајаци кои ги има наоколу по палмите и не ни изгледаше забавно да се плива со риби ‘stingreys’, кои можат да бидат доста опасни.

Интересен е двојниот кокос Coco de mer, уште познат и како љубовен орев, кој единствено може да се види на Сејшелите.


Уживавме во енергијата на тропските острови и сме подготвени за следна авантура на некое друго необично патување“.



Прочитајте и Марија и Магделена, фит близначки од Кочани: „Делиме банкарски сметки, но дечковци никогаш - луѓето не нè распознаваат“
Повеќе фотографии од Сејшели:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело