Марија и Магделена, фит близначки од Кочани: „Делиме банкарски сметки, но дечковци никогаш - луѓето не нè распознаваат“

„Луѓето ни ден денес не знаат која е Марија, која е Магделена. Само некои наши блиски знаат која е која. Најголемата животна авантура ни е кога два месеци живеевме во куфери, патувавме сами со автомобил низ Европа, се обидоа да нè ограбат, едни успеаја, но други тешко поминаа“, откриваат за CRNOBELO.com Марија и Магделена Гаврилови, близначки кои обожаваат да се облекуваат идентично и да учествуваат во Спартански трки.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-01.jpg

Марија и Магделена Гаврилови, по потекло од Кочани, подолго време работеле во Скопје, па дале отказ и последните 4 години живееле во Германија.

Но, сега Скопје повторно им е дом.

Работат онлајн, па неретко одлучуваат ненадејно да заминат на пат и тоа на подолго да живеат живот „во куфери“.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-19.jpeg

Велат дека луѓето не ги распознаваат, но тие имаат доста разлики карактерно и физички. Едната секогаш е подебела од другата за 2 до 3 килограми. Се разликуваат по бемки и форма на лик.

Како мали, нивната мајка ги облекувала исто, а тие плачеле затоа што не сакале да бидат исти, но сега работите се смениле и купуваат сè идентично.

Во интервју за CRNOBELO.com тие откриваат како е да се има сестра близначка, но и како изгледаат нивните патувачки авантури:

Како е да се има сестра близначка?

Да се има сестра близначка има свои предности и недостатоци. Во предности би ги вбројале нештата како на пример тоа што никогаш не си сам, секогаш имаш друштво, имаш искрен пријател на кој секогаш можеш да се потпреш, без да се плашиш дека ќе бидеш изневерен.

Од друга страна пак, недостаток или негативна страна е тоа што поврзаноста и блискоста некогаш те преоптоваруваат и почнуваш да го живееш и твојот и нејзиниот живот и работите се испреплетуваат. Едноставно да бидеш близначка и не е така едноставно.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-13.jpeg

Се чувствувате ли некогаш телепатски поврзано?

Да, затоа што едноставно се познаваме предобро и без да комуницираме знаеме која што мисли и како се чувствува по самиот поглед (си ги читаме мислите).

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-02.jpeg

Колку често сте заедно? Што сè споделувате? Облека, патувања, дечковци некогаш можеби?

Доста од нашето време сме заедно. Скоро секогаш.

Живееме заедно, учевме заедно, студиравме заедно, работиме заедно, патуваме заедно, но вежбањето (тренингот) се обидуваме да го правиме одвоено, поради што и нас ни треба одмор една од друга.

Облека, материјални работи, банкарски сметки делиме сè, но дечковци не доаѓа предвид!

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-09.jpeg

Дали луѓето ве мешаат? Во училиште или општо во животот?

Луѓето ни ден денес не знаат која е Марија која е Магделена. Само некои наши блиски кои доста долго нè познаваат, знаат многу добро која е која.

Во училиште професорите не нè распознаваа, па така едната секогаш одговараше и правеше тестови за другата.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-16.jpeg

По што ве разликуваат?

Имаме доста разлики карактерно и физички. Едната секогаш е подебела од другата за 2 до 3 килограми.

Се разликуваме по бемки и форма на лик.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-06.jpg

Како мали ве облекуваа ли идентично? Дали сега се облекувате исто?

Како мали, нашата мајка нè облекуваше исто, а ние плачевме и не сакавме да бидеме исти.

Но, сега работите се сменија, купуваме скоро секогаш сè исто и знаеме да се пошегуваме „кога ќе се мажиме која што ќе земе?“ и поради тоа купуваме иста облека во истиот момент за двете за да не дојде до никакви судири.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-23.jpeg

Извесен период Германија ви беше дом… Како и зошто токму таму се преселивте?

Нашата фамилија подолго време живее во Германија и поради тоа ја избравме токму оваа држава.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-15.jpeg

Доловете ни како ви изгледаше животот во Германија... Што ви се допадна, а што не?

Искрено, животот во Германија за секој е различен. Зависи од многу фактори. Секаде има позитивни и негативни страни…

Како што кажавме ние имаме веќе фамилија таму, така што за нас почетокот и не беше така тежок, но сепак самата промена, јазикот, средината, пријателите и не беа така едноставни за нас.

marija-i-magdelena-fit-bliznachki-od-kochani-delime-bankarski-smetki-no-dechkovci-nikogash-lugjeto-ne-ne-raspoznavaat-08.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Скопјанката Марија чува бенгалска мачка: „Се продаваат и по 1.400 евра, но јас ја вдомив бесплатно“ „Бенгалите се хибрид од домашни и азиско леопардски мачки. Изгледаат како вообич...
Марија од Радовиш 10 години е во количка: „Не дозволив тоа да ми е пречка во животот - возам АТВ, ма... „Мобилноста ја изгубив како последица на тешка сообраќајна несреќа. Пред по...
Марија има кафе-книжарница во Куманово: „Многумина ме премислуваа, но сфатив дека кумановци многу чи... „Кумановци читаат! Читаат многу популарна психологија, читаат и трилери и романи...
Бојан Велевски, стенд-ап комичар: „Сопругата не можам да ја ‘омекнам' со шега кога ми е лута, во Коч... „Тие генерации што израснавме во тоа време, со 'Наше маало', 'Големи и мали', зн...
„За 2 месеца стигнав до 1 милион следбеници“ – Марија Мешкова стана најследена Македонка на Инстагра... „Пред повеќе од 1 година одлучив да создадам бренд како ментор за течно говорење...
Маријана од Велес: „Син ми Дариан (7) е роден со половина срце – по 3 операции денес е активно момче... „Дариан денес е активно насмеано 7-годишно момче кое воедно од септември годинав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg