Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ја освојам - заедно сме 11 години“
- Детали
- понеделник, 17 ноември 2025
„Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мостовите на Вардар, буквално на средина. Потоа почнавме да се слушаме и гледаме редовно - таа доаѓаше во Скопје, јас одев во Охрид и нашата врска со секое ново видување стануваше сè поцврста“, раскажува Маријан Стојаноски за љубовта со сопругата Наташа.

Пејачот Маријан Стојаноски, кого публиката го памети по поп-хитовите што ги пееше на почетокот на 2000-те, одамна како да е повлече од поп-сцената, но не и од музиката.
Тој работи во Националната опера и балет и постојано е на сцената, но таа сега е различна од онаа по која публиката го запозна и засака.
А, кога е сакањето во прашање, Маријан, своето срце уште пред повеќе од 10 години ѝ го даде на Наташа, со која денес има три деца.

Нивната љубовна приказна популарниот крушевчанец ја раскажа за CRNOBELO.com:
„Со Наташа се запознавме пред 11 години.
Прво нè запозна нејзината сестра, а потоа се сретнавме случајно на еден од мостовите на Вардар, до Камен мост, буквално на средина.

Јас го направив првиот чекор за да ја освојам.
Потоа почнавме да се слушаме и гледаме редовно. Таа доаѓаше во Скопје, јас одев во Охрид и нашата врска со секое ново видување стануваше сè поцврста.

Наташа ме освои со својата едноставност, со многуте сличности помеѓу нас.
Ние имаме исти гледишта на животот, тоа што едниот го мисли, другиот го кажува и обратно.

