Љубовната приказна на Маријан Стојаноски и Наташа: „Не сум ѝ бил омилен лик, па ми требаше време да ја освојам - заедно сме 11 години“
Ми требаше извесно време да ја освојам. Не сум ѝ бил симпатија, баш напротив, не сум ѝ бил баш омилен лик.
А ја запросив во домот на моите родители, на преубав семеен ручек.

Се венчавме среде корона, па сè беше интересно, вклучувајќи го и фактот што имаше забрана за собир на 15 луѓе, забрана во секој хотел и ресторан, а ние се венчававме во време на врвот на короната.
Затоа нашата свадба се одвиваше во најтесниот круг од нашето семејство.

А најинтересниот момент беше дознавањето на Божјиот благослов дека ќе имаме нов бесценет дар.
Овој момент е толку среќен, уникатен и совршен, што дури и да зборувам и пишувам со саати, сепак нема да успеам да ви го доловам.

Нашата љубов и сега е силна, а дечињата ни донесоа бесценети моменти и радости, фала му на Бога.
Кај Наташа воопшто не постоела љубомора поради мојата професија.

А што се однесува до тоа што е важно за еден успешен брак, јас ќе го кажам само нашиот пример, не навлегувам во другите.
Нашата успешна формула е што сопругата ме сака и почитува, а јас ја сакам и почитувам и се жртвувам за неа по секоја цена“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
