Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чесите мразат поздрав со гушкање“

Какви се Чесите во љубовните врски? Го ценат ли бракот?

За да се здружиш со Чех е цел процес. Самоволно Чех нема да ти пристапи, никогаш.

Запознањето е многу повозможно доколку:

1) Веќе имаш Чех/иња другар/ка, па запознавањето оди како преку посредник.

2) Самоволно да им пристапиш замолувајќи за помош. Меѓувремено континуирано да им докажуваш благодарност.

3) Да покажеш и докажеш дека го учиш јазикот, ја сакаш Чешка и сé што е во неа.

Во врска со љубовта, тие ја прифатиле одамна разноликоста во избор на партнер од друга вера, националност. Привлечноста ја засноваат во енергиите меѓу индивидуите.

Но, доколку како лице од трета земја, се одлучите да го кажете судбоносното „да” со Чех/иња, не се очекува до тој степен да ја знаете бојата на четката за заби на партнерот, но очекувајте да ве посети „љубовната” полиција со што по некој протокол би ја проверил вашата романтична врска.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-08.jpeg

Има ли предрасуди кон дојденците или ги прифаќаат со ширум отворени раце? Што е најспецифично од нивниот животен стил?

Во ниеден момент не сум се почувствувала како странец. 95% од младите говорат англиски. Со оние кое се срамат да говорат на англиски е и добра шанса да го вежбам чешкиот јазик.

Има млади кои пешачат боси, како би ја искусиле поблизу до себе природата. После работа, одиме сите на пиво – „Na zdraví!” (На здравје).

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-06.jpeg

Која нивна навика ти се допаѓа најмногу, а која воопшто не ја разбираш?

Брно не е град на модата, секој се носи како му е удобно, и нема предрасуди. Тоа значи, чорапи на сандали? Па, во ред! 

Познаваш ли други Македонци таму? Се дружите ли?

Ние Македонците во Чешка комуницираме и си помагаме колку можеме и колку ни дозволува времето.

Познавам Чеси, како во Брно, така и во други градови во Чешка.

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-10.jpeg

Има ли добри руф-топ барови или ноќни клубови?

Мој омилен руф-топ бар е „Vyhlídka“. Се наоѓа во центарот на Брно со прекрасна панорама од 360 степени.

За љубителите на ноќен живот „Metro club“ се труди да нé забавува добро како нас, така и оние кои се на викенд од соседна Словачка.

За подинамични забави, препорачувам посета на Прага. 

iskra-za-zhivotot-vo-brno-ako-dojdenec-stapi-vo-brak-so-cheh-doagja-ljubovna-policija-chesite-mrazat-pozdrav-so-gushkanje-13.jpeg

Кој е најчудниот локален обичај или традиција што си ја забележала?

Не ги гушкајте и не ги бакнувајте на средби. Или обидете се, за да видите како чудно ќе ве гледаат.

Интересна е традицијата што ја практикуваат на првиот ден од Новата година – тогаш варат леќа. Се верува дека кој јаде леќа на првиот ден од Новата Година, ќе има пари, според округлата форма на овој зеленчук.

Па, ќе варите ли и вие леќа на Новата 2026-та?

Повеќе фотографии од Искра:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Марио од Скопје го посети Рио: „Криминалци со пушки те поздравуваат нормално во фавелите, туристите ... „За време на карневалот луѓето стануваат во 5 наутро за да одат на улични забави...
Мајка од Скопје за камперскиот живот: „Моите најубави детски спомени се од Градиште, го сакам тоа и ... „Моите најдраги спомени од детството се поврзани со Градиште и затоа сакав љубов...

Најчитани неделава