Биљана од Битола за патувањето во Британија: „Шкотланѓаните не носат ништо под килтот и се гордеат со тоа“
Но градот кој ме остави без здив е Единбург, главниот град на Шкотска.
Тој е еден од градовите без модерни облакодери, полн со уникатен шкотски шарм, фасцинантна архитектура, град во кој е сочувано културното историско наследство и се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Почнувајќи од Холируд (шкотската резиденција на кралицата) на долниот крај, одејќи по живописните средновековни станбени згради во стариот град, кои се распослани долж улицата „Кралски милји“, па сè до највисокиот крај над градот каде што се наѕира замокот Единбург - сè е воодушевувачки.
Град преполн историја и инспирација за Хари Потер.
Во Англија во областа Камбрија престојував во градот Карлајл, кој е на 10-ина минути до шкотската граница.
Град кој со замокот Карлајл станале важно воено упориште во средниот век вреди да се посети, исто како и музејот на воениот живот на Камбрија, во самиот замок.
Веднаш спроти замокот се наоѓа BBC Radio Cambria.
Исто така, градот е познат и по катедралата Карлајл, која е изградена во 1122 година, најпрво како црква, а од 1133 година е катедрала, во која оргулите од тоа време се и понатаму во редовна употреба.
Секако дека ѕирнав и во музејот на ова прекрасно здание.
Движејќи се кон источна Англија, го посетив и градот на мостовите, прекрасниот Њукасл, а на само 14km од него и плажите на североисточниот брег на земјата.
Би ја издвоила популарната плажа Лонг Сендс Бич на Северното море, позната по златните песоци и по тоа што е одлична дестинација за сурферите.
Се соочив со изненадувачки студен ветер, кој сепак не ме спречи да ги видам убавините на плажата.
Каде ти беше најубаво, што те разочара?
Најубаво ми беше дефинитивно на врвот од панорамското тркало во Единбург со поглед кон Северното море и целиот град, и се разбира - морското крајбрежје со уникатни песочни плажи кои би сакала да ги посетам и во лето.
Немаше разочарувачки моменти, но еве, како некое мало разочарување би го споменала моментот што во Англија моравме да резервираме неколку денови однапред за во ресторан или паб, да наведеме број на лица кои ќе бидат присутни (не е можно да ти се придружат нови непланирани луѓе на маса), а некаде дури требаше да наведеме и што би порачале за јадење.
Кога би знаела што ќе ми се јаде по една недела, во ред (ха-ха). Па „проблемот“ го решававме одејќи до Шкотска на ручек или вечера.
Колку се разликува локалното население во Шкотска од она во Англија?
Да се надоврзам на претходниот одговор - да, се разликува. Но нема голема разлика меѓу Шкотите и Англичаните од северот, но има голема разлика со јужните Англичани.
Мој впечаток е дека Шкотланѓаните се многу попријатни и се гостопримлив и топол народ.
Исто така, мислам дека Шкотска има силно чувство за самоидентитет.
А најголема разлика се акцентот и гордоста.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





