Биљана од Битола за патувањето во Британија: „Шкотланѓаните не носат ништо под килтот и се гордеат со тоа“

А храната, пивото? Кој, според тебе, има подобра локална кујна? 

Во храната и пивото нема многу голема разлика, освен што Шкотите имаат виски и хагис. Овие две работи ја прават шкотската кујна побогата.

Хагис се смета за главен специјалитет во Шкотска, а тоа е солен пудинг од овчи внатрешни органи (срце, црн дроб и бели дробови).

Од љубопитност пробав сè, но мене лично најмногу ми се допадна свежата морска храна.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-21.jpg

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-22.jpg

Откриј ни ја тајната - што носат Шкотланѓаните под килтовите, дали си прашала некогаш?

Не е тајна дека не носат ништо под килтот. Точно поради тоа килтот останува моќен симбол на шкотската националност и идентитет.

Имаат изрека: Are you a true Scotsman? (Дали си вистински Шкотланѓанец?) И ако одговорот е „да“, тоа значи дека нема долна облека под „сукњичката“.

Оваа практика продолжува да се смета за приказ на мажевност и цврстина.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-23.jpg

Каков е ноќниот живот, имаше ли можност да отидеш во дискотека, паб, популарно место?

Ноќниот живот функционира претежно за викенди, излегувавме во пабови со жива музика и можам да кажам дека во споредба со ноќниот живот кај нас, младите овде се многу поопуштени, буквално сите играат и знаат да се забавуваат...

Можеби впечатокот ми е таков затоа што кај нас секој ден е викенд.

Посетив еден од најстарите пабови во Единбург, Deacon Brodies Tavern, лоциран на „Кралските милји“ кој датира од 1806 година, а неговиот традиционален декор ја отсликува неговата долга историја, создавајќи добредојдена атмосфера со превкусна храна која останува жива до ден-денес.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-25.jpg

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-27.jpg

Ако некој сака да оди во Британија, кои се твоите препораки - што мора да види или проба, а што не?

Има премногу нешта што вреди да се видат на островот.

Освен популарниот Лондон со неговите значајни знаменитости, моја препорака е задолжително да го посетат еден од најубавите градови во Европа - Единбург.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-30.jpg

Сите љубители на филмовите за Хари Потер не смеат да пропуштат да ја прошетаат Викторијанската улица, која послужила како инспиративна локација од сцените за снимање на филмот.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-28.jpg

Исто така, архитектонската убавица капелата Рослин, која се наоѓа во Шкотска и го привлекува светското внимание особено по објавувањето на филмот „Кодот на Да Винчи“, во кој беше видно прикажана капелата како клучна локација во приказната.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-31.jpg

За љубителите на адреналин, возбуда и забава, би го препорачала забавниот парк Pleasure beach лоциран во Блекпул, Англија.

Тој е еден од најстарите и најпознатите тематски паркови во Обединетото Кралство, а датира од 1896 година.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-33.jpg

Лејк дистрикт е најголемиот национален парк во Британија и е неверојатна дестинација за љубителите на природата.

Познат по своите преубави пејзажи, вклучувајќи многубројни езера, шармантни села и гратчиња - совршено место за фотографирање, активности на отворено (пловење, опсервација на ѕвезди, веслање, едрење).

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-34.jpg

И за крај каде и да отидете кое и место да го посетите, препорачувам да седнете во локалниот паб и да вкусите од локалната храна и пијалоци каде ќе уживате во многу поразличните вкусови од нашите.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-35.jpg

Што би посакала да посетиш и доживееш на твоето следно патување во Британија?

На моето следно патување на островот повеќе би се посветила на централна и јужна Британија.

Со оглед на фактот дека работам во државен национален медиум, мојот план и желба е да ги посетам колегите во BBC, а би сакала да ја доживеам и магијата на Британските музички награди, Brit Awards во О2 Арената во Лондон.

Повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Го посетив замокот Голубац кој е на 5 часа возење од Скопје - Што ме импресионираше кај „скапоцениот... Го нарекуваат „скапоцениот камен“ на Србија, а многу од луѓето во регионот не зн...
Вера Радески за преселбата во Чикаго: „Првата година е хаотична, ве мачи носталгијата, се колебате д... „Првата година по преселбата е страшно хаотична. Тоа е период во кој навистина н...
Искра од Скопје за животот во Брно: „Ако дојденец стапи во брак со Чех - доаѓа љубовна полиција, Чес... „Во Македонија имаше еден долг тежок период, кога се чувствував како пеперутка н...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg