Биљана од Битола за патувањето во Британија: „Шкотланѓаните не носат ништо под килтот и се гордеат со тоа“

„Сè беше убаво, но како мало разочарување би го споменала дека во Англија моравме да резервираме неколку дена однапред за во ресторан или паб, со точен број на присутни лица, а некаде дури требаше да наведеме и што би порачале за јадење“ - вели Биљана за CRNOBELO.com за патувањето во Шкотска и Англија што ја воодушевило.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-01_copy.jpg

Биљана Брајановска-Зарлинова, од Битола, долги години живее и работи во Скопје. По професија е дипломиран музичар - педагог, но веќе долго време работи маркетинг и промоција во МРТВ.

Таа низ годините работела и како музички промотер и ПР на голем број музички имиња како Влатко Лозаноски, „Браво бенд“, Александар Тарабунов, Димитар Андоновски, Симона Поповска, Урбан рекордс продукција, диџеј Галоски, но и за последната песна на Тоше Проески која излезе во 2024-та „Кажу да време лечи све“.

Биљана е голем љубител и на патувањата, па на почетокот на годината таа ја посети Велика Британија и тоа Шкотска и Англија.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-02.jpg

За самото патување, искуствата, работите кои ја воодушевиле, таа ни раскажа во интервјуто за CRNOBELO.com:

Зошто ја избра Британија како дестинација за твоето последно патување? Дали организираше сè самата или беше преку агенција?

Исто како минатата година, така и оваа решив да отидам таму. Оваа дестинација е магична, а и нема нешто поубаво од тоа волшебните моменти да се споделат со семејството - а јас бев на гости кај сестра ми, нејзината прекрасна фамилија и пријателите коишто живеат таму.

Бев во сопствена приватна режија, со лет од Софија до Единбург.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-07.jpg

Каква е процедурата за добивање виза (и колку пари чини)?

Процедурата за добивање виза е олеснета во споредба со минатите години, но во интерес на времето и сигурноста, ангажирав агенција за посредување, па моја единствена обврска беше да ги обезбедам потребните документи и да се појавам на термин во ТЛС центарот. 

Периодот на одобрување на визата беше 13 дена, а чинеше 200 фунти (14.600 ден) за визата и уште 3.000 ден за услугата за овој тип на апликација, кои ги платив на агенцијата.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-04.jpg

Ова не е твое прво патување во Британија, но дали се сеќаваш на првиот впечаток што ти го остави земјата тогаш? И колку се смени тоа до денес (на поубаво или полошо)?

Првиот впечаток, пред точно 10 години, ми го остави сообраќајната електронска инфраструктура, а воедно и културата во сообраќајот, која сега е на многу повисоко ниво, вградена во смарт патиштата во земјата.

Како турист не би можела да коментирам за генералниот развој на земјата за овие 10-ина години, но впечатокот на моите блиски кои што живеат тука е дека после Брегзит, животот во Британија доживеа значителни промени и граѓаните се соочуваат со многу предизвици.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-05.jpg

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-08.jpg

Што сè имаше можност да видиш во Шкотска - градови, познати локации, а што во Англија?

Еден од градовите што секогаш го посетувам кога патувам во Шкотска е Гретна, изграден за време на Првата светска војна, сместен на шкотската страна на границата со Англија.

Таму се наоѓа мојата омилена шопинг дестинација - Паркот Каледонија, кој е дом на над 50 светски брендови и дизајнерски парчиња.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-06.jpg

Во Шкотска го посетив и градот Дамфрис, односно родниот град на еден од најпопуларните светски диџеи, продуцентот, пејач, текстописец и хитмејкер Калвин Харис.

Дамфрис е мирен град со куќички како од бајките, а областа Дамфрис и Галовеј имаат многу зелени површини, брановидно крајбрежје од карпести брегови и песочни плажи.

Како голем љубител на море и плажи, ги посетив плажите на северо-западниот брег на островот.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-07_copy.jpg

Ме фасцинираше плажата Повилмонт во Шкотска, која е неверојатно долга, со мешавина од карпести и песочни предели, со расфрлани разновидни школки и прекрасно зајдисонце.

Бев сведок на феноменот на плима и осека на Ирското море, поточно на моментот кога во утринските часови буквално нема море и има големо повлекување на водата, па посетителите играат тенис и други разновидни игри на големите пространства песок, а попладне следи целосно враќање на водата до крајбрежјето и карпите.

biljana-od-bitola-za-patuvanjeto-vo-britanija-shkotlangjanite-ne-nosat-nishto-pod-kiltot-i-se-gordeat-so-toa-09.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
На одмор со Таско во Врасна: „Мирно е, идеално за со мали деца, бевме сместени на 20m од плажа“ „Децата не сакаат да пливаат, претпоставувам дека кога ќе видат толкава површина...
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...

Најчитани неделава