Виктор Настески, шеф на кујна на крузер: „Имам видено многу делови од светот, тешко е нешто да ме изненади, но зошто Исланд успеа?“
Посетив неколку природни локалитети, меѓу кои Kjarnaskógur Forest, прекрасен шумски парк со уредени велосипедски и пешачки патеки, игралишта за одбојка на песок, летниковци за пикник, игралишта за деца, а дел од нив ги поминав токму со велосипед.


Прошетав и покрај Glerárgil кањонот, каде природата изгледа како сцена од филм, диво, мирно и вистински лековито.


Она што ме воодушеви не беше само природата, туку организацијата на државата, чистотата, тишината, и начинот на живот.
Луѓето се смирени, секој си ја знае својата улога и се чини дека таму времето тече поинаку, побавно, но поквалитетно.


Минатата година имав и можност повторно да ја посетам лагуната Blue Lagoon, едно од најпознатите геотермални чуда во светот.
Иако ми беше веќе трета посета, чувството беше како да сум таму за првпат.


Во последно време водам поздрав животен стил, внимавам на исхраната и вежбам редовно, па овој пат Исланд го доживеав и преку спорт и движење, возење велосипед по природа, качување по патеки и долги пешачки тури низ диви предели.


За некој што има видено толку многу делови од светот, тешко е нешто да те изненади. Но, Исланд успеа и тоа не само еднаш.
Тоа не е само земја, туку чувство. Мир, свежина и сила од самата природа“.

