Македонско семејство ќе живее на пат 9 месеци: „Ќе смениме 13 Airbnb сместувања и 20 летови, а ќерка ми ќе учи со нас“

„Сакаме да скокнеме една зима во Норвешка, а среќна околност е што во Норвешка е сосема нормално homeschooling така што ние како родители ќе се водиме официјално како одговорни за одвивање на образовниот процес на постарата ќерка додека сме на пат. Од Скопје, патот продолжува кон Азија, најпрво Тајланд, па Малезија, Виетнам, Индонезија и на крај Филипини“, вели Славица Савеска - Кењереш од Скопје, на која 13 години Норвешка ѝ е дом.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-01.jpg

Славица Савеска - Кењереш од Скопје, по професија дипломиран економист, од 2012 година живее во Осло, со сопругот и двете ќерки на возраст од 4 и 10 години

Таа вели дека после 13 години таму може да каже дека во Осло е нејзиниот дом, но зимите таму не ги обожава, па поради тоа да избегнат една норвешка зима, но и да почувствуваат авантура која се памети цел живот, таа со семејството одлучи 9 месеци да живее на пат.

Славица отвори и Инстаграм профил „Семејство на пат“, каде планира да споделува детали и искуства од животот во куфери.

За CRNOBELO.com таа споделува детали за оваа авантура:

Кој беше иницијаторот за ова големо патување низ светот? Како изгледаше моментот кога решивте: „Да, ќе тргнеме!“?

Ух, не знам кој беше иницијаторот. Мислам дека на неколкупати претходно го имавме спомнато тој муабет за долго патување, но никогаш претходно сериозно не ја разгледавме можноста за вистински да го претвориме муабетот во реалност.

Пред вистински да „удри“ корона имавме испланирано неколку патувања, кои пропаднаа (од за сите нас јасни причини). И тогаш, во тие две корона години ни се разгоруваше уште повеќе желбата за патување.

На средина на сето ова ја добивме и втората ќерка, па кога се олабави светот од корона, во мислите почнавме повторно да патуваме и некако како да ни беше заборавена идејата за долго патување.

И баш онака, од нигде никаде, спомнавме пак, но овој пат сериозни станаа муабетите.

И иако сум најчесто јас, таа што е гласот на разумот, во овој проект бевме сложни дека идејата е добра. Имавме многу преиспитувања со себеси, пресметки како финансиски, така и логистички, но на крајот пресековме и започнавме со конкретни потези кон правец на реализирање на планот.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-12.jpg

Каква точно авантура планирате?

Целото патување ќе трае речиси 9 месеци и идејата е да биде вистинска авантура.

Започнуваме на есен, бидејќи сакаме да скокнеме една зима во Норвешка.

Првата станица е Скопје. Во Осло немаме друга фамилија освен нас четворица, така што решивме, конечно да поминеме, на раат што се вика, некој период во Скопје.

Обично доаѓаме во Скопје двапати во годината, но тоа се кратки, еднонеделни блиц посети кои повеќе нè уморуваат отколку што нè одмараат.

Сега одиме со план да бидеме на двапати во Скопје по три недели, за убаво да се видиме со блиските и да уживаме заедно.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-10.jpg

Како родители на деца кои не по свој избор се далеку од сите роднини, чувствуваме вина што сме ги одделиле од тој непресушен извор на љубов и внимание што го имаат во Скопје. Не е ни чудно што обожаваат да одат во Македонија.

Од Скопје, патот продолжува кон Азија, најпрво Тајланд, па Малезија, Виетнам, Индонезија и на крај Филипини.

Во сите овие земји ќе посетиме два до три градови и се надевам ќе успееме вистински да ја запознаеме и да ја доживееме нивната култура и традиција.

Патувачката авантура планираме да ја завршиме во Шпанија, кон која негуваме посебна симпатија како дестинација за одмор.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-09.jpg

Како и дали ќе работите во тој период, како ќе посетуваат децата училиште?

Пред речиси една година сменив работно место и сега работам во кредитното одделение на одделот за економија во Hertz-First rent a car.

Сепак и покрај тоа што сум релативно нова на работното место, имам среќа да имам работодавец кој вистински се потруди да најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни. Така што, од моментот кога ќе тргнеме на пат јас ќе работам редуцирано, само еднаш во неделата.

Мојата работа е на компјутер, така што не е неопходно да бидам физички присутна во канцеларија за да бидам од корист на работното место.

Помалата ќерка има само 4 години, така што за неа е едноставно. Ќе добие една година пауза од градинката и ќе се врати за да ја „изработи“ последната година во градинка, пред да почне во училиште.

Ситуацијата е малку покомплицирана кај поголемата ќерка која од есен ќе оди во 5-то одделение.

Среќна околност е што во Норвешка е сосема нормално homeschooling така што ние како родители ќе се водиме официјално како одговорни за одвивање на образовниот процес додека сме на пат.

Ќе се обидеме да бидеме во контакт со училиштето за да го следиме планот на работа кој ќе го работат нејзините другари од класот, но училишната клупа ќе биде дефинитивно заменета.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-07.jpg

Со што ќе патувате, кој ја планира рутата?

Ќе користиме авиони, како превозно средство меѓу земјите, а во голема мера и во самите земји бидејќи ќе посетуваме острови кои се на голема оддалеченост меѓу себе.

Но, кога веќе сме на една локација, сакаме да користиме превозни средства кои ги користат локалците. Тоа сме го правеле на сите наши патувања. Се стекнува некоја посебна блискост со локалното население кога седиш во отворен полураспаднат автобус во кој се качуваат луѓе додека е сè уште во движење.

Според нашите досегашни истражувања, во Азија се користи Grab како еден вид на такси-услуга, така што ќе биде комбинација на различни превозни средства, сето ова според потребите.

За моја среќа, имам дома еден експертот за наоѓање најефикасен и најевтин превоз, така што за тој дел, не му ја мислам многу.

makedonsko-semejstvo-kje-zhivee-na-pat-9-meseci-kje-smenime-13-smestuvanja-preku-airbnb-20-avionski-letovi-a-kjerka-mi-kje-uchi-na-pat-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg