Татјана од Радовиш живее во Швајцарија: „Ги спакувавме куферите со сопругот, за двете ќерки да растат во средена држава“

Колку е различна Швајцарија за доживување како турист и како граѓанин таму?

Како турист, Швајцарија изгледа како рај – планини, езера, паркови, чист воздух и мир.

Сè е убаво, уредно и организирано, а старите градби со шарени фасади и ролетни, заштитени со закони, се вистинска атракција. Можеш да направиш прекрасни фотографии на секој чекор, и тоа навистина им се допаѓа на туристите.

Исто така, тука е и познатата „Grand Tour of Switzerland“ – патување од приближно 1.600 километри низ четири јазични региони, пет алпски превои, единаесет места на светското наследство на УНЕСКО, два резервати на биосфера и покрај 22 езера.

Оваа тура нуди концентрирана доза на Швајцарија, со сите живописни и културни бисери на земјата.

Но, како граѓанин, животот е многу поразличен. Понекогаш високите трошоци, строгите правила и потребата постојано да се организираш и планираш го прават животот посериозен.

Сепак, тоа што учиш како функционира системот, како да се адаптираш и како да го организираш својот живот, создава чувство на стабилност и сигурност што не се гледа кога си само турист.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-04.jpg

Најдобра и најлоша карактеристика на локалците?

Најдобрата карактеристика на Швајцарците е тоа што се искрени, точни и организирани. Можеш секогаш да сметаш на нив, на пример во работа или во секојдневните ситуации. Многу ја ценат дисциплината и редот, а истовремено се коректни кон другите.

Најлошата карактеристика е тоа што понекогаш се затворени и тешко прифаќаат нови луѓе во своето друштво. Посебно постарата генерација може да биде дистанцирана или да има предрасуди кон дојденците. Сепак, кога ќе се запознаеш поблиску, можеш да откриеш дека се многу пријателски настроени и подготвени да помогнат.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-05.jpg

Има ли многу Македонци што живеат таму? Сте имале ли контакт со некој од нив?

Да, има доста Македонци во Швајцарија. Според различни извори, бројот се движи помеѓу 65.000 и 100.000 луѓе, од кои околу една третина веќе имаат швајцарско државјанство.

Македонците се застапени главно во големите градови и индустриски региони.

Многу брзо се шири контакт со наши – на пример, кога одиш на некоја слава кај роднини или пријатели, таму запознаваш нови луѓе. Или пак, покрај децата во училиште, на работните места – така, низ цела Швајцарија можеш да сретнеш по некој Македонец.

Исто така, постојат македонски здруженија кои редовно организираат забави, пикници и други настани во текот на годината. На тие настани често настапуваат македонски пејачи, што го прави чувството на заедништво уште посилно.

Она што е посебно значајно за сите нас е што овде имаме и македонска православна црква.

Тоа е местото каде што се собираме за големите празници како Велигден и Божиќ. Тие денови нè спојуваат Македонци од сите краеви на Швајцарија – таму ја чувствуваме топлината на татковината, традицијата и верата, кои ни даваат сила и овде, далеку од дома.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-02.jpg

Каде одат локалците на одмор? Во кои земји?

Швајцарците се големи љубители на патувања и одмори. Благодарение на тоа што земјата е во срцето на Европа, имаат многу можности за брзо патување со авион, воз или автомобил.

Најчесто за летен одмор заминуваат во Шпанија, Португалија, Италија и Грција, бидејќи таму имаат сонце, море и медитерански дух, кој многу го ценат.

Во зимскиот период повеќето од нив остануваат во својата земја, бидејќи Швајцарија е вистински рај за љубителите на скијање и зимски спортови. Алпите им нудат сè – од светски познати скијалишта до мали, семејни патеки.

Покрај тоа, дел од локалците сакаат и подалечни патувања, на пример Тајланд, Малдиви или САД, но тоа обично се прави еднаш годишно или во специјални пригоди.

Лично, ние со семејството често комбинираме сè - уживаме во природата, прошетки и езера, но истовремено сакаме да доживееме и културни активности, музика и забави.

На тој начин ги спојуваме нашите навики од Македонија со локалниот начин на одмор и создадавме наш стил на патување и одмор.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-10.jpg

Долови ни некои најинтересни навики на локалците…

Швајцарците имаат многу интересни и уникатни навики. На пример, тие се многу организирани и дисциплинирани – секогаш се точни, било да е јавниот превоз или време за состанок.

Велосипедизмот е дел од секојдневието, па многу луѓе користат велосипед за работа или шопинг.

Големо внимание посветуваат на природата и околината – отпадот го рециклираат строго и чистењето е секогаш приоритет. На улиците, парковите и езерата сè е чисто, што многумина од нас веднаш забележуваат.

Недела е ден за тишина – тогаш не се коси трева, не се користат машини и се очекува мир во зградите и маалата. Тоа е дел од нивната култура на почитување на другиот.

Интересно е и тоа што се големи обожаватели на кашкавал и сирења – постојат специјални маркети и фестивали посветени само на нив. Познати се по фонди и раклет, традиционални јадења кои ги јадат заедно со семејството или пријателите, како еден вид мал ритуал.

Во карактер, Швајцарците често комбинираат – директност и воздржаност. Тоа значи дека можат да бидат искрени и јасни во комуникацијата, но истовремено задржуваат дистанца додека не стекнат доверба.

Исто така, многу се ценат парите – луѓето се внимателни како трошат, секогаш споредуваат понуди и знаат да заштедат. Парите кај нив имаат голема вредност, без разлика колку и да заработуваат.

Она што ми остави впечаток е што знаат да уживаат во малите нешта – едноставно кафе на тераса, пикник покрај езеро или прошетка низ шумата за нив значи вистински одмор и исполнетост.

Исто така, сакаат традиции и празници – секогаш имаат локални настани, пазари и фестивали, кои се одлична можност да се запознаеш со нивната култура.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-17.jpg

Како е да се растат и школуваат деца таму? Го научија ли лесно германскиот јазик вашите ќерки?

Да се растат деца во Швајцарија знае да биде предизвик, особено во првите години.

Родителите најчесто мора да имаат дополнителна помош, затоа што работното време е долго.

Постојат неколку решенија – Kita (детски градинки каде што децата се цел ден згрижени), Tagesmutter (жена што чува неколку деца во својот дом) или Tagesschule за децата што веќе одат во училиште и остануваат после наставата.

Цената за чувањето не е фиксна, туку се пресметува според приходите на семејството, а постојат и државни „KiBon“ субвенции, кои помагаат трошокот да биде понизок.

Сепак, тоа е сериозна ставка во буџетот и бара добра организација.

Да се растат деца во Швајцарија е едно посебно искуство. Системот е многу организиран и се мисли на тоа детето да се развива постепено, без голем притисок од најрана возраст.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-03.jpg

Децата почнуваат со школување на околу четири до пет години, најпрво во т.н. „киндергартен“ (градинка со елементи на училиште), а од прво одделение се вклучуваат во основното образование.

Многу интересно е тоа што до трето одделение учениците немаат класични оценки, туку добиваат поени за својата работа и однесување.

Од крајот на секоја година, иако се само поени, сепак јасно стои напишано дали ученикот преминува во следното одделение или не. Дури од четврто одделение почнуваат со вистински оценки.

Моите ќерки беа многу мали кога дојдовме тука – едната имаше само година и пол, а другата две и пол години.

Благодарение на тоа што веднаш влегоа во средина со други деца, релативно брзо го совладаа германскиот јазик.

Она што најмногу вреди во нивниот систем е тоа што децата тука прават „Lehre“ – односно паралелно и учат и работат.

За таа работа добиваат одредена сума на плата, која последователно во 3-4 години е различна што им овозможува рано да станат самостојни.

Кога се одлучуваш за средно образование, имаш можност да посетиш повеќе фирми, да одиш на проба и да видиш каде најмногу ти се допаѓа начинот на работа. Потоа ја избираш таа струка и ја изучуваш – што е огромна предност за младите кои растат тука.

tatjana-od-radovish-zhivee-vo-shvajcarija-gi-spakuvavme-kuferite-so-soprugot-za-dvete-kjerki-da-rastat-vo-sredena-drzhava-14.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Ангела од Скопје живее во Лондон 6 години: „Многу локалци живеат во еднособни станови, а градот има ... „Кириите за просечен еднособен стан во Лондон се од 1.700 евра, па нагоре. Ги об...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Исидора Здравковска (27) за животот на Малдиви: „Слетав во хаос на Мале, јадев дома кај локалци, пли... „Малдиви со години ми беше дестинација што ја гледав по разгледници и Инстаграм ...
Стефан Спирковски за посетата на Мадеира, островот на Роналдо: „Цените се пониски од кај нас, рентањ... „Во Монте се возев на слајд со плетени санки - уникатно и забавно искуство кое п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg