Дијана од Тетово за патувањето во Њујорк со дете: „Бевме 2 недели, не е град приспособен за шетање со деца, но доживувањето е незаборавно“

„Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде доста комплицирана – гужви, брзо темпо, недоволно пристапни метро станици, а и многу јавни простори не се прилагодени за движење со количка. Преовладува брза храна, но се обидувавме да најдеме поздрава варијанта. Имавме и моменти како качување температура на Лео и менување апартман, но се прилагодивме. Сигурно би се вратиле во Њујорк. Тоа е град кој не може да се спореди со ниту еден друг, но не би го препорачала како дестинација за семејства со мали деца“ - вели за CRNOBELO.com Дијана од Тетово, која со сопругот и синот живее во Германија. 

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-bevme-2-nedeli-ne-e-grad-prisposoben-za-shetanje-so-deca-no-dozhivuvanjeto-e-nezaboravno-01.jpg

Дијана Галески од Тетово e дипломиран правник, живее во Германија заедно со сопругот и со нивниот тригодишен син Лео. 

На Инстаграм таа често споделува практики од нивниот начин на воспитување, посебно се труди да го расте синот без екрани и непотребни играчки, а се фокусира на Монтесори пристапот. 

Прочитајте повеќе: Дијана (30) од Тетово живее во Германија: „Сите пластични играчки на синот (2) ги заменив со дрвени, заедно готвиме, а надвор сме и на снег и на кал“

Неодамна, тие беа на семејно патување во Њујорк, дестинација која ретко кој би ја одбрал за со дете, а за CRNOBELO.com раскажува со какви предизвици се справиле, што им се допаднало, што не и дава совети за сите родители кои сакаат да патуваат со деца. 

Прочитајте го интервјуто за CRNOBELO.com во продолжение: 

Како ви се одвиваше патувањето (летот) до Њујорк и дали е лесно и едноставно од организациски аспект од Германија?

Целото патување помина многу поедноставно и побрзо од очекуваното. Летавме директно од Берлин до Њујорк, што значително го олесни целиот процес.

Иако моравме да смениме неколку превозни средства до аеродромот, сè беше добро усогласено и организирано, без поголеми потешкотии.

Организациски гледано, патувањето од Германија до САД е значително поедноставено во споредба со патувањето од Македонија.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-20.jpg

Колку долго траеше летот и како ви помина времето во авион со мало дете и како реагираат патниците на деца? 

Летот траеше околу 8 часа и помина релативно мирно и опуштено.

Бевме добро подготвени однапред, понесовме компактни активности кои зафаќаат малку простор, но успеваат да го задржат вниманието на дете, како и омилени мали играчки и книги.

Гледавме и неколку филмови, што беше вистински новитет за Лео.

Интересно ни беше што во целиот авион имаше само уште едно дете, што на почетокот ни изгледаше чудно, а подоцна сфативме и зошто.

Долгиот лет со мало дете дефинитивно не е за секого.

Во однос на другите патници, генерално беа трпеливи. Шетањето низ авионот со дете го прифатија сосема нормално, што придонесе за поопуштена атмосфера.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-02.jpg

Како се справивте со временската разлика, имавте ли проблеми со адаптирање и спиење, посебно кај детето?

Да, временската разлика ни претставуваше сериозен предизвик. Најмногу се почувствува кај детето, бидејќи адаптацијата на новото време директно влијаеше врз неговиот сон и расположение.

Кај Лео, недостигот на сон се манифестираше со зголемена раздразливост и потешкотии во прилагодувањето на новата рутина.

Првиот ден беше особено тежок за сите нас, но со постепено воведување на новите часови за спиење и оброци, состојбата се подобруваше секој ден.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-07.jpg

Дали лесно најдовте сместување, имаш ли некакви препораки локациски и сл. за посета на Њујорк, посебно со дете?

Бевме сместени во близина на Њујорк и наоѓањето сместување не е голем проблем.

Поважно е каде ќе се сместиш и бирањето на соодветен кварт, бидејќи не сите квартови се безбедни и соодветни за деца.

Имаме листа на работи кои сакаме да ги посетиме и успеавме да видиме сè од планираното.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-24.JPG

Дали Њујорк е град приспособен за шетање со деца? 

Искрено, Њујорк не е многу приспособен за шетање со мали деца, особено не во централните делови.

Иако градот нуди многу содржини и атракции, прошетката во центар знае да биде доста комплицирана – гужви, брзо темпо, недоволно пристапни метро станици, а и многу јавни простори не се прилагодени за движење со количка.

Светски познатите знаменитоски, иако убави, често се пренатрупани. Сепак, желбата да го доживееме Њујорк беше голема, па бевме спремни на тие предизвици.

Тоа ни покажа и зошто во авионот имаше само уште едно дете – не е дестинација што многу семејства со мали деца би ја избрале прва.

Но, и покрај сè, со добра организација и трпение, сепак успеавме да го извлечеме најдоброто од искуството.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-25.JPG

Колку време минимум треба да се престојува за да се почувствува вистински градот и да се види она што е потребно?

Според нашето искуство, околу две недели е солиден минимум за да се доживее Њујорк малку подлабоко – не само преку туристичките атракции во центарот, туку и преку различните квартови, околината и предградијата, кои носат сосема поинаква енергија и перспектива за градот.

Секако, сè зависи од интересите и темпото на поединецот – некој може да види многу и за пократко време, додека друг можеби ќе сака да посвети повеќе денови на одредени зони.

Ние, на пример, пешачиме многу, и за тие две недели поминавме околу 150 километри пеш, што ни овозможи навистина да го „осетиме“ градот, и од туристички, и од локален аспект.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-22.jpg

Како се движевте низ градот? Каков е транспортот? Прилагоден ли е за со количка за дете? 

Се движевме со воз, метро, автобуси и такси. Јавниот превоз покрива голем дел од градот, но генерално владее неред, автобусите често доцнат, се преполни се и не се доволно чисти.

Повеќето автобуси не се прилагодени за патување со детска количка, што го отежнуваше движењето.

Од тие причини, значителен дел од времето се движевме пешки, особено во централните делови на градот каде што има подобри пешачки патеки и пристап до главните атракции.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-03.jpg

Што најмногу ве воодушеви, а што ве разочара од Њујорк како град?

Воодушевени бевме од неверојатната инфраструктура на Њујорк, динамичната енергија што го исполнува градот, како и од можноста да се видат некои од најпознатите светски знаменитости Статуата на слободата, Централ Парк, Тајмс Сквер и многу други.

Разновидноста на култури и чувството дека сте дел од нешто големо и значајно навистина оставаат силен впечаток.

Од друга страна, разочарувачки беше степенот на хигиена на одредени јавни места, големиот број на бездомници кои, за жал, се секојдневна појава на улиците, како и генералната неподготвеност на градот кога станува збор за патување со мало дете, недостиг на пристапни тоалети, тешкотии при користење на јавен превоз со детска количка и слично.

dijana-od-tetovo-za-patuvanjeto-vo-njujork-so-dete-17.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Јасмина Мукаетова за Њу Џерси: „Живееме во предградие со средени тревници, училишни автобуси и има м... „Песната ме однесе низ многу меридијани, но секое патување има своја конечна дес...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
На одмор со Бранко на Лефкада: „Си носам лежалка на плажа, во 3 години никогаш не сум начекал огромн... „Единствено негативно за Лефкада би било возењето по тесните, кривулести патчиња...
На одмор со Магдалена во Охрид: „На тура со глисер видов скриена природа, коктели се до 500 денари -... „Со мајка ми и внук ми одевме на плажата Даљан, која има слободен дел без лежалк...
Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg