Катерина Краљевска: „Со сопругот и 3-те деца живееме во предградие на Стокхолм, тука децата носат облека од втора рака“
Што не ви се допаѓа? Како се справувате со мракот и долгите денови?
Искрено, јас сум навикната на зимата и многу ја сакам – особено снегот.
Секако дека е тешко кога се стемнува уште во 15 часот, но се фокусираш на „cozy“ активности – печење колачи, санкање и слично.
Летото ми е омилено – го обожавам шведското лето. Температурите се совршени, а Стокхолм е полн со плажи, паркови и места за капење.
Секогаш им велам на пријателите од Скопје да дојдат во лето.

Каков е животниот стандард?
Стандардот е повисок од Скопје за многу работи, но за некои и поевтин.
Во Стокхолм секогаш има поевтини алтернативи. Кафе, на пример, чини од 30 до 70 круни (170 до 410 денари), во зависност од местото и типот.

Кој е најсилниот адут на Шведска?
Природата и начинот на кој навистина се чува. Тоа е нешто што, за жал, многу ѝ недостига на Македонија.

Би се вратиле ли да живеете во Македонија?
Никогаш не вели никогаш, но мислам дека не.
Убаво ни е да доаѓаме на гости, а потоа да си се вратиме дома.




©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
