Вероника, Русинка омажена во Скопје: „Во Москва бев маѓепсана од државната болница, беше шок во однос на Македонија“

Сам си закажуваш преглед и сите специјалисти се наоѓаат во една амбуланта, не треба да патуваш никаде и, што е најважно, медицината е бесплатна за сите, независно дали си вработен си или не (како во Македонија).


Сите жители на Русија ја имаат таа можност за лекување според одредено место на живеење.

Најинтересно нешто во детска амбуланта е тоа што за секое новороденче до 3 години му следува бесплатно млеко, јогурт, пробиотски кефир, каши од житарки, овошни и зеленчукови кашички, според национална програма за хранење на децата и нивната возраст.

Кога моите деца беа мали и ние останавме во Москва на подолг период, ние дури не знаевме што да им правиме на тие кашички, моите деца не можеа да постигнат да ги изедат.
Секако, тоа е огромна помош од државата за фамилии со мали деца, којашто ја нема никаде во светот, освен во Русија.

Во Русија за новороденчиња постои стандардна програма за набљудување во детска поликлиника.
Таа е регулирана од Министерство за здравството и е задолжителна (невролог, детски хирург, ортопед, офталмолог, се прави и ЕХО на абдомен, мозок и срце итн.) и првата година од животот многу често бебињата посетуваат детска поликлиника.

Пред влезот на секоја поликлиника е направена специјална соба со греење каде што може да се остави количка или санка, има специјален влез за деца со инвалидитет и сè е направено за комфор на мали пациенти.
Кога ќе влезеш во детска поликлиника, прва помисла што ти е доаѓа: „Да не сум го згрешил местото, да не сум во игротека?“...
