Емилија и Дарко од Битола за патувањата со мало дете: „Со ќерката почнавме да патуваме од 4-месечна возраст“
- Детали
- понеделник, 13 април 2026
„Патувањето со бебе е секогаш предизвик, но не бевме спремни да седиме долго дома и брзо откако се роди нашата ќерка започнавме со патувања. Ги охрабрувам сите родители да го направат тоа“, вели Емилија Стеваноски (32) од Битола за CRNOBELO.com.

Емилија Стеваноски (32), вработена во фитнес центар и Дарко Стеваноски (28), вработен во customer service, живеат во Битола.
Инаку, парот има живеено и осум години во Германија, но сфатиле дека сакаат нивната ќерка да расте покрај бабите и дедовците, па одлучиле да се вратат во Македонија.
Емилија и Дарко во врска биле 4 години, а веќе 4 години се во брак и ја имаат ќерката Лусијана (4).

Тие обожаваат да патуваат, а тоа не се променило ниту кога се родила нивната ќерка.
Емилија за CRNOBELO.com споделува како функционираат:
„Патувањето со бебе е секогаш предизвик, но не бевме спремни да седиме долго дома, па првото патување со нашето бебе ни беше на 4 месеци, кога од Германија, каде што живеевме извесен период, допатувавме во Македонија.

Потоа, пред да наполни една година ќерката, решивме да ја прошетаме цела Барселона и сè помина во најдобар ред.

По неколку месеци бевме во Рим и патувањата на нашата ќерка како да ѝ станаа навика, па уживаше.


Инаку, секогаш балансираме да правиме и нешто што ќе и е интересно и неа и ги охрабруваме сите родители да патуваат и додека децата им се мали, иако се мали - тие уживаат.

Исто така, дел од мојата листа со незаборавни патувања е патувањето со мојата другарка Наталија, со која се поддржуваме во сите идеи.
Заедно бевме два месеци во Истанбул и го доживеавме како локалци.

