Емилија и Дарко од Битола за патувањата со мало дете: „Со ќерката почнавме да патуваме од 4-месечна возраст“
Потоа имавме и едно долго возење со автобус до Кападокија, која е толку магична и најуникатна од сè што имам досега видено.

Патувањето со пријателка е посебно, а заедно ги посетивме и Венеција, Милано, Верона и Трст.

Италија е толку убава што човек може уште 100 пати да се навраќа и секогаш да биде воодушевен.

Патувањето и креирањето содржина за на Инстаграм ми се хоби. Тие се надополнуваат едно со друго, а Инстаграм профилот го користам како еден вид фотоалбум, каде што споделувам дел од патувањата.

Инаку, со сопругот и ќерката одлучивме да се вратиме во Македонија после 8 години живот во Германија, најмногу поради носталгијата за семејството.

Сакавме детските родендени и празниците да ги славиме со семејството, детето да растe со љубовта на бабите и дедовците бидејќи за нас фамилијарните вредности имаат големо значење.

Среќна сум кога ги гледам бабите и дедовците како се радуваат на внуката.
Покрај толку прошетани места, Македонија е секогаш посебна за нас...

