Благојче Атанасоски: „Бев во Копенхаген на мечот Македонија - Данска за пласман на Светско - градот e совршен, цените се криминал“

Утредента, времето нè послужи. Како за некое „чудо“, небото се отвори и огреа пријатно пролетно сонце.

Инаку, за споредба, времето во Скандинавија во текот на целата година (освен два месеци на лето) е облачно, тмурно и врнежливо, нешто што за балканскиот јужен менталитет, си е чиста меланхолија.

Но, нас и на сите наши сонародници ни се падна „лотарија“. Користејќи го таквото време, ние во петокот, од утрото до зајдисонце, пешачевме и го шетавме Копенхаген.

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-07.jpg

Градот е феноменален, барем според моите вкусови и стандарди за добро уреден и убав град.

Чисти улици, средени и прекрасни паркови, стари градби, одлична вибрација да се почувствувате баш „европски“, најголема атракција во Копенхаген е главната пешачка туристичка улица, која завршува кај добропознатите „шарени и колоритни зградички“, каде што сите туристи прават „Инстаграм фотографии“.

Сето тоа надополнето со бротчиња во каналите, безброј мали кафулиња, даваат идеална целосна слика за уживање.

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-08.jpg

Меѓутоа, освен таа главна улица, меѓу неа има еден „тон мали споредни артерии“, низ кои можете да шетате со часови и да се препуштите во уживање и ја заокружуваат целосната слика за Копенхаген како навистина преубав град.

Ние сепак се одлучивме да одиме до два замоци, кои се наоѓаат во големи прекрасни паркови, и тука среде таа природа, и сочувано културно – историско наследство, имате чувство, како времето да запрело.

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-13.jpg

За цените, што посебно да кажам: нашиот другар, домаќин, на шега велеше: ова е чист криминал, кога ќе се соочиме со навистина за наш стандард „астрономски цени“.

На добропознатата улица кај колоритните куќи-згради, едно кафе еспресо чини 7-8 евра, едно пиво 8-10 евра, зависи од видот на пивото. Се плаќа исклучиво со картичка, многу поретко во нивната валута (дански круни).

Јадевме во еден ресторан во кој имате „шведско мени“, со навистина широка палета на превкусна храна. Картата по лице, за тој оброк чинеше 25 евра. Без вклучено кафе или пак вода и сок од портокал.

За компарација, еден обичен бургер во Малмо, Шведска чинеше од 12-15 евра, во Емпориа (најпознатиот трговски).

За наши услови, навистина скапо, дури прескапо би рекол.

Но, за Данците кои земаат околу 4.000 евра плата, и за Швеѓаните, кои земаат околу 3.000 евра плата, веројатно тоа е нормално.

 blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-03.jpg

Културата на возење велосипеди во Копенхаген ќе ја почувствувате насекаде. Млади, возрасни, со деца, сите се на велосипеди, возејќи во својата „лента“.

Да, Данска со Холандија се двете европски земји, во кои возењето на велосипед, дури и во доцните вечерни часови е издигнато на ниво на култ.

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-09.jpg

Утредента (последниот ден), времето значително се расипа и се „подеси“ да биде право скандинавско.

Бевме да го видиме стариот (веќе срушен) стадион на ФК Малме, како и новиот, веднаш изграден до него и влеговме во фан зоната.

Останатото време, шетавме низ добропознатиот трговски центар Емпориа во Малмо.

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-06.jpg

Сè на сè и покрај тоа што беше прилично малку напорно, менувајќи авиони, возови, автобуси, за толку релативно кратко време, огромната желба, љубов и страст кон македонската фудбалска репрезентација, ми беше ѕвезда водилка, едноставно ова патување да ми биде уживање.

Споделената енергија и атмосферата која ве понесува, меѓу неколку илјади Македонци, е чувство кое ви ја грее душата.

Секако, дека ова нема да ми биде прво и последно вакво искуство, да одам да ја бодрам, нашата фудбалска репрезентација, на некој значаен фудбалски натпревар во иднина.

За резултатот - да се надеваме повеќе среќа наредниот пат!

blagojche-atanasoski-bev-vo-kopenhagen-na-mechot-makedonija-danska-za-plasman-na-svetsko-gradot-e-sovrshen-cenite-se-kriminal-11.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Наталија (36) од Русија вторпат ја посети Македонија: „Омилена земја ми е, преку песните на Тоше доз... „Немам македонски корени (барем колку што знам), но со целото срце ја сакам Маке...
На одмор со Стефанија Кржеска на Малта: „Не ми се допадна гужвата на плажите, лежалки се до 30€, гра... „Blue Lagoon е вистинска туристичка замка. Местото е мало, а имаше премногу...
На одмор со Даниел Данн во Атина: „Бев сам 8 дена, плажите се убаво организирани - кафе е од 3€, леж... „Сместувањето буквално го резервирав истиот ден додека возев кон Атина. Но, врв ...
На одмор со Зорица Николовска во Ставрос: „Бевме со три деца, сe плашев како ќерката (1) ќе издржи п... „Голем предизвик беше да ги организираме тројцата да се подготвени во исто време...
Славица со семејството 2 месеци беше во Тајланд: „Има совршен оброк за 100 денари, но во ресторан со... „Животот во Тајланд започна со две болни деца, од прв ден, и ова не е некој доба...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....

Најчитани неделава