На одмор со Миро Кацаров во Калитеа: „Бевме со моите родители и со децата – мајка ми готвеше, не шетаме по плажи“
Инаку бевме во Калитеа на првиот крак, место што им е добро познато на сите. Има убава вода, тиркизна, плажите не се толку песочни, но во море кога ќе се влезе е песок.
Плитко е за децата и затоа избравме да одиме таму, раздвижено е навечер, има каде да се прошеташ, бевме до Полихроно, Ханиоти, Пефкохори, така еден убав балкански одмор.
Што се однесува до цените, тие се ултра скапи. Цените веќе не се како што беа порано во Грција, ултра скапо е. Буквално може да се мери со западните европски држави.

Како за прв одмор како четиричлено семејство, беше зафркнато, затоа земавме баба и дедо.
Тадеј има свои побарувања, Миа свои. Тадеј има 7 месеци, Миа 7 години, разлика во која секој си бара и внимание и обврски.

Малиот беше мирен, сака вода, се гледа дека сака, се плашевме да не изгори, па повеќе беше со баба му во апартман, не толку на плажа.
Но сакаше да се шета, му годи воздухот и климата, заспиваше лесно.
А Миа, дете како дете, си играше, си сакаше плажа и море, се учеше да плива без мускули, сакаше да јаде многу сладолед на плажа, спиеше со баба и дедо за да може ние да спиеме со Тадеј.
Така што еден убав фамилијарен одмор, кој го препорачувам на секој, кој има баба и дедо и има можност да ги земе“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело